Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Компанијата Blue Origin ја претстави својата Power Tower дизајнирана да произведува електрична енергија од сонцето за идната лунарна база.

На 25 септември, компанијата за вселенска технологија основана од милијардерот Џеф Безос сподели анимација на платформата X, на која се прикажува како опремата слетува на Месечината и потоа се распоредува над површината на природниот сателит на Земјата.

„Нашата Power Tower претставува систем од вертикални соларни панели со висина од 20 метри, дизајниран да генерира над 10 киловати електрична енергија за напојување на операциите во лунарната база на Јужниот пол на Месечината“, соопштија од Blue Origin.

Објавата на X содржи и линк до видео на YouTube во кое е прикажан вистински тест за распоредување на системот, спроведен на Земјата на 22 јули 2026 година. Кадар снимен од низок агол го прикажува јарболот како се крева од својата основа, по што од неговиот центар се шират краци за да ги постават соларните панели кои се одмотуваат надолу.

„Нејзината модуларна архитектура ќе ги поддржува идните енергетски мрежи на површината, овозможувајќи испорака на енергија од модулот за слетување до опремата на која таа ѝ е најпотребна“, наведоа од Blue Origin во објавата.

Remote video URL

Power Tower изгледа како еволуција на претходна технологија наречена Lunar Array Mast and Power System (LAMPS), развиена од Honeybee Robotics – подружница на Blue Origin – и тестирана во вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА во Хјустон во 2024 година. 

Honeybee Robotics е една од компаниите што работат на проектот на НАСА за технологија на вертикални соларни низи (VSAT), во чии рамки се развиваат соларни панели за производство на енергија потребна за овозможување долгорочно присуство на луѓето на Месечината во иднина.

Објавата на X укажува дека Power Tower ќе се користи за операции на Јужниот пол на Месечината. Blue Origin веројатно ја замислува оваа соларна кула како дел од планираната лунарна база на НАСА, која агенцијата има намера да ја изгради во тој регион во рамките на својата програма Artemis. Проектот за лунарна база на НАСА моментално е во првата фаза, која трае до 2029 година. Според тековниот распоред, се очекува лунарната база да биде оперативна до 2032 година.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Вести

Alibaba донесе одлука: Дали паѓаат цените на вештачката интелигенција?

Read more

Bluetooth ќе стане значително побрз, усвоен нов стандард

Read more

НАСА загуби вселенски телескоп: Swift падна од орбитата и изгоре во атмосферата над Индонезија

Read more

Мрежа на ботови „зарази“ 1,3 милиони Android паметни телевизори

Read more

Гик

  • play_arrow

GTA VI ќе биде најскапата видеоигра во историјата

Читај повеќе

Alibaba донесе одлука: Дали паѓаат цените на вештачката интелигенција?

Читај повеќе

Bluetooth ќе стане значително побрз, усвоен нов стандард

Читај повеќе

НАСА загуби вселенски телескоп: Swift падна од орбитата и изгоре во атмосферата над Индонезија

Читај повеќе

Дали на Марс се кријат живи вулкани?

Читај повеќе

Што се смени: Нормалната телесна температура повеќе не е 37°C? 

Читај повеќе

Мрежа на ботови „зарази“ 1,3 милиони Android паметни телевизори

Читај повеќе

Идентификуван диносаурус што јадел овошје

Читај повеќе

Apple издаде итно предупредување за корисниците на iPhone

Читај повеќе