Хакери се закануваат дека ќе објават речиси милијарда лозинки на корисници на TikTok

Хакерска група се заканува дека ќе ги објави украдените лозинки на речиси една милијарда корисници на TikTok.

Хакери, кои работат под името R00TK1T ISC CYBER TEAM, тврдат дека украле 972.000 лозинки на корисници на TikTok и се закануваат дека ќе ги објават јавно.

Причината за овој потег, како што тврди оваа хакерска група, е тоа што никој не одговорил на нивните обиди да контактираат со TikTok преку директни пораки.

„Ги предупредивме Bytedance и TikTok, но нивното молчење зборува многу. И покрај нашата јасна порака, тие ги игнорираа повиците на корисниците кои беа блокирани, суспендирани или избришани од платформата. Денес објавуваме примерок од 972 илјади корисници на TikTok“, велат хакерите во нивното соопштение.

Останува да се види дали овие тврдења од хакерите се точни, бидејќи тоа би значело масовни фишинг напади, преземање на кориснички сметки и кражба на идентитет во голем обем.

Безбедносната компанија Cybernews вели дека тврдењата на хакерите се отфрлаат. Тие истакнуваат дека тврдења од ваков тип повремено се појавуваат на сите платформи и иако звучат алармантно, обично се покажуваат како неточни по истрагата.

TikTok има повеќе од една милијарда корисници ширум светот, а портпарол на оваа компанија истакнува дека е можно базата на податоци со овие протечени податоци да се состои од информации од некои претходни напади, застарени или дури и измислени податоци.

Тагови
реклама

Украина се одмазди за бруталниот руски напад врз Киев

Read more

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Read more

Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени

Read more

Вести

Научниците предлагаат нов начин за потрага по вонземен живот, постоечките вселенски летала би можеле да помогнат

Read more

Одиме на Марс: Мегаракетата Starship V3 ќе биде лансирана на 19 мај

Read more

Како да се ослободите од несакани пораки во Gmail?

Read more

Google во шок: Откриен првиот вирус создаден од вештачка интелигенција

Read more
 

Гик

Научниците предлагаат нов начин за потрага по вонземен живот, постоечките вселенски летала би можеле да помогнат

Читај повеќе

Одиме на Марс: Мегаракетата Starship V3 ќе биде лансирана на 19 мај

Читај повеќе
  • filter

Scuf Omega: Новиот контролор за PlayStation 5 може да се користи и со PC, iOS и Android уреди

Читај повеќе

Samsung им објави војна на досадните реклами: Нова опција ги блокира апликациите што спамираат со известувања

Читај повеќе
  • play_arrow

WhatsApp овозможува анонимни разговори со Meta AI четботот

Читај повеќе

Како да се ослободите од несакани пораки во Gmail?

Читај повеќе

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Читај повеќе

Google во шок: Откриен првиот вирус создаден од вештачка интелигенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Googlebook е следната еволуција на Chromebook

Читај повеќе