Колку ресурси што им се потребни на луѓето трошат дата центрите?

Брзиот развој на вештачката интелигенција би можело да изврши огромен притисок врз глобалните енергетски, водни и копнени ресурси во наредните години, предупредува ново истражување од Универзитетот на Обединетите нации (UNU).

Во извештајот насловен The Environmental Cost of Artificial Intelligence: Carbon, Water and Land Footprints, истражувачите велат дека еколошкиот отпечаток на вештачката интелигенција е многу поширок од емисиите на јаглерод диоксид и расте со брзина што би можела сериозно да ги оптовари природните ресурси низ целиот свет.

Според проценките од студијата, потрошувачката на електрична енергија поврзана со вештачката интелигенција нагло ќе се зголеми до 2030 година. Работењето на системите за вештачка интелигенција ќе бара речиси три пати повеќе електрична енергија отколку Пакистан, Бангладеш и Нигерија, земји со вкупно население од околу 650 милиони, заедно.

Авторите проценуваат дека системите за вештачка интелигенција би можелo да генерираат до 400 милиони тони јаглерод диоксид годишно до крајот на деценијата, приближно еквивалентно на сегашните годишни емисии на Велика Британија.

Истражувањето, исто така, го истакнува прашањето за потрошувачката на вода. До 2030 година, инфраструктурата поврзана со вештачката интелигенција би можела да троши околу 9,3 илјади милијарди литри вода годишно.

Тоа е споредливо со потребите за вода на домаќинствата на околу 1,3 милијарди луѓе во подсахарска Африка.

Истражувачите велат дека површината што ја зафаќаат дата центрите, електраните и другата инфраструктура поврзана со вештачката интелигенција би можела да надмине 14.500 квадратни километри.

Тие особено предупредуваат дека придобивките од развојот на вештачката интелигенција во моментов ги користат релативно мал број земји, додека последиците врз животната средина би можеле непропорционално да влијаат на други делови од светот.

Меѓу нив се и некои азиски земји кои веќе се соочуваат со растечка побарувачка за енергија и растечки проблеми со достапноста на вода.

Авторите на извештајот повикаа на поголема транспарентност од технолошките компании, посилен надзор врз животната средина од државите и посилна меѓународна соработка за да се обезбеди дека развојот на вештачката интелигенција останува одржлив.

реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Read more

Вести

10 јули 1856 – роден е научникот Никола Тесла

Read more

Јапонија планира да вработи 10 милиони роботи

Read more

Сондата Hayabusa2 фотографираше двоглав астероид

Read more

7 факти за црните дупки што звучат како чиста фикција: Не траат вечно и не „јадат“ цело време

Read more

Гик

  • filter

10 јули 1856 – роден е научникот Никола Тесла

Читај повеќе

Јапонија планира да вработи 10 милиони роботи

Читај повеќе

Дали Земјата може да ја преживее смртта на Сонцето?

Читај повеќе

Научниците пресметаа уште колку години живот остануваат на Земјата

Читај повеќе
  • filter

Сондата Hayabusa2 фотографираше двоглав астероид

Читај повеќе

Инсајдерите со нови информации за преклопниот iPhone Ultra

Читај повеќе

Крај: Nintendo Switch заминува од Европа

Читај повеќе

7 факти за црните дупки што звучат како чиста фикција: Не траат вечно и не „јадат“ цело време

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Кинеска сонда прва ја сними „минимесечината“ на Земјата одблиску

Читај повеќе