„Кумот на вештачката интелигенција“ даде застрашувачко предупредување

Еден од луѓето што многумина ги нарекуваат „кум на вештачката интелигенција“ издаде застрашувачко предупредување за иднината на вештачката интелигенција.

Според веб-страницата Futurism, Џошуа Бенџо, кој се смета за еден од „кумовите на вештачката интелигенција“, со својата истражувачка работа ги постави темелите врз кои денес почиваат повеќето системи во кои големите технолошки компании инвестираат милијарди долари.

Исто како и неговиот колега Џефри Хинтон, Бенџо го изрази својот страв од последиците од сопствената работа, издавајќи сериозно предупредување за можната иднина на човештвото.

Во интервју за Wall Street Journal Бенџо истакна дека верува оти опстанокот на човештвото е во опасност, особено кога технологијата ќе го достигне нивото на таканаречената вештачка општа интелигенција (AGI) - моментот кога вештачката интелигенција ќе ги надмине човечките способности.

Според многу експерти, тој момент можеби не е далеку, а научникот верува дека тоа би можело да отвори „Пандорина кутија“ за која никој не е подготвен.

„Ако создадеме машини кои се многу попаметни од нас и имаат свој инстинкт за зачувување, тоа ќе биде опасно. Тоа е како да создадеме конкурент на човештвото кој е поинтелигентен од нас“, рече Бенџо.

„Во случај на катастрофални настани како што е истребување, па дури и помалку екстремни, но сепак катастрофални - како што е уништувањето на демократиите - работата е толку сериозна што дури и да имало само еден процент шанса да се случи, тоа не би било прифатливо“, додаде тој.

реклама

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Read more

Кинези направија стаклен лифт над кањон за да го скратат патот до училиште за локалните деца

Read more

Вести

Instagram и Facebook може да изгубат клучни функции поради тужба

Read more

SpaceX лансираше две ракети од два американски брега за само 38 минути

Read more

Трамп е тужен затоа што сака да наплаќа за специјален пристап до неговите објави

Read more

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Read more

Гик

Нема да го копира Apple: Што ќе отфрли Samsung од Galaxy S27?

Читај повеќе

Откриени три супермасивни црни дупки во „смртоносен танц“

Читај повеќе

Instagram и Facebook може да изгубат клучни функции поради тужба

Читај повеќе
  • play_arrow

SpaceX лансираше две ракети од два американски брега за само 38 минути

Читај повеќе

Трамп е тужен затоа што сака да наплаќа за специјален пристап до неговите објави

Читај повеќе

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Читај повеќе

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Читај повеќе

Новите телефони стануваат поскапи: Која е поевтината алтернатива?

Читај повеќе