Научници докажаа дека микроби можат да преживеат на Енкелад: Дали сме блиску до откривање на вонземен живот?

Лабораториските експерименти потврдија дека микроорганизмите од Земјата можат да растат во услови слични на оние што се наоѓаат длабоко во сатурновата месечина Енкелад.

Енкелад снимен од сондата Cassini во октомври 2015

Потрагата по вонземен живот штотуку доби многу сериозен кандидат. Ново истражување сугерира дека микроорганизмите би можеле да преживеат во океан под ледената површина на сатурновата месечина Енкелад, а уште поинтересно е што нивните траги би биле релативно лесни за откривање.

Енкелад крие огромен океан под својата површина, од кој млазови вода избиваат низ пукнатините во мразот. Хидротермалните процеси веројатно се случуваат на неговото дно, додека траги од сол и органски соединенија се пронајдени претходно во исфрлениот материјал.

Научниците од Слободниот универзитет во Берлин открија дека капките вода, кои летаат во вселената со брзина до 1.000 километри на час, не замрзнуваат веднаш како што претходно се претпоставуваше.

За време на замрзнувањето, солите и органските соединенија се одделуваат и се концентрираат во поединечни честички мраз. Истото би можело да се случи и со материјал од микробно потекло, доколку навистина постои живот во океанот.

„Енкелад всушност врши голем дел од работата за нас во подготовката на примероци за анализа, што обично бара многу напор во хемиските лаборатории на Земјата“, објасни професорот Франк Постберг.

Млазови од мраз и водена пареа еруптираат од јужниот пол на Енкелад, снимени од сондата Cassini

Ова е особено важно за идните мисии. Наместо да дупчат низ ледената површина и да се спуштаат кон океанот, вселенските летала би можеле да поминат низ исфрлените млазови и да анализираат поединечни честички.

Микробите ја преживеале симулацијата на океанот на Енкелад

Дополнителна причина за оптимизам дојде од лабораторијата. Друга група истражувачи создале средина слична на океанот на Енкелад - алкална, со многу малку кислород и услови погодни за хидротермална активност.

Потоа го вовеле микроорганизмот Metanothermococcus okinawensis, кој живее во близина на хидротермални отвори на Земјата и не му е потребен кислород. Микробите продолжиле да растат и брзо се адаптирале на условите, изненадувајќи ги дури и истражувачите.

Резултатите, се разбира, не докажуваат дека има живот на Енкелад. Сепак, тие покажуваат дека одредени микроорганизми би можеле да преживеат во услови слични на оние во неговиот океан.

Поважно е што, доколку тие постојат таму, нивните траги би можеле да завршат во ледените честички што Енкелад ги исфрла директно во вселената. Научниците велат дека ваквите биолошки траги би можеле да се детектираат со технологија што веќе постои.

Со идните мисии до Енкелад, вклучувајќи го и проектот L4 на Европската вселенска агенција, одговорот на едно од најголемите прашања на науката можеби наскоро ќе добие одговор.

Енкелад е десетта најоддалечена месечина на Сатурн, од вкупно 62 познати месечини, и кружи во широкиот прстен Е. Наречена е по истоимениот гигант од хеленската митологија. Замрзнатата површина на Енкелад ја одбива светлината, поради што оваа месечина е многу сјајна и е најсјајна месечина во Сончевиот Систем. Енкелад бил откриен од страана на Вилијам Хершел на 28 август 1789 година.

реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Вести

Дали ќе престанете да добивате ажурирања за вашата верзија на Windows?

Read more

Безос: Одиме на Месечината за да останеме таму

Read more

Apple воведе ново правило, ќе важи од следната година

Read more

Нобеловата награда за хемија доделена во областа на асиметричната хемија

Read more

Гик

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Читај повеќе

Дали ќе престанете да добивате ажурирања за вашата верзија на Windows?

Читај повеќе

American Airlines ќе воведе Starlink Wi-Fi во целата своја флота на авиони во 2027

Читај повеќе
  • play_arrow

Безос: Одиме на Месечината за да останеме таму

Читај повеќе

Apple воведе ново правило, ќе важи од следната година

Читај повеќе

Xbox демантира дека има ексклузивни права за стримување на GTA 6

Читај повеќе

Нобеловата награда за хемија доделена во областа на асиметричната хемија

Читај повеќе

Добитникот на Нобеловата награда за физика e oсновач на нова научна гранка за проучување на вселената

Читај повеќе

Кинезите направија подводни соларни панели: Произведуваат струја и на длабочина од 10 метри

Читај повеќе