Научници од САД тврдат дека откриле нова боја: Ја нарекоа оло

Тим научници од САД тврдат дека откриле нова боја која досега ниту едно човечко суштество не можело да ја види. На бојата ѝ го дале името „оло“, а откритието било резултат на експеримент за време на кој истражувачите насочувале ласерски импулси директно во очите на учесниците.

Стимулирајќи специфични клетки во мрежницата на окото, учесниците, според нивните сопствени тврдења, виделе сино-зелена нијанса што не постои во природата. Сепак, некои експерти наведуваат дека постоењето на новата боја е „прашање за интерпретација“ и дека сѐ уште е отворено за дебата.

Наодите беа објавени во престижното списание Science Advances, а коавторот на студијата, професорот Рен Нг од Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Франциско, ги опиша како „извонредни“.

Професорот Нг, кој беше еден од петте учесници во експериментот, изјави за BBC Radio 4 дека оло е „позаситена од која било боја што можеме да ја видиме во реалниот свет“.

„Замислете да го поминете целиот свој живот гледајќи само во една розова нијанса - нежно, пастелно розово. А потоа еден ден доаѓа некој со маица во најинтензивната розова боја што сте ја виделе, и ви кажува дека е нова боја и се вика црвена“, рече Нг, сликовито објаснувајќи го чувството.

Експериментот бил изведен со помош на уред наречен Oz, составен од огледала, ласери и оптички компоненти, претходно развиен од истражувачи од УК „Беркли“ и Универзитетот „Вашингтон“. Ласерскиот зрак беше насочен во зеницата на едното око на секој од петте учесници - четворица мажи и една жена, сите со нормален вид.

Фокусот на истражувањето била на мрежницата – слојот ткиво чувствителен на светлина во задниот дел на окото, одговорен за примање и обработка на визуелните информации. Во внатрешноста на мрежницата има конуси - клетки кои ги препознаваат боите, а тие се поделени на три вида: S (чувствителни на сино), M (на зелено) и L (на црвено светло).

Во природата, кога се стимулира М-конусот (за зелената боја), речиси секогаш се јавува стимулација на блиските L и/или S клетки, бидејќи нивната функција се преклопува. Меѓутоа, во овој експеримент, научниците успеале да стимулираат само М-клетки, што, според студијата, предизвикало сосема нова перцепција на бојата - онаа што не е возможна во природни услови.

Учесниците потоа се обидоа да ја совпаднат видената нијанса користејќи контролирано тркало во боја - сите стигнаа во истата, претходно непозната нијанса.

Сепак, не сите експерти се убедени во откритието. Професорот Џон Барбур, научник за визии на Универзитетот „Сити Сент Џорџ'с“ во Лондон, кој не бил дел од истражувачкиот тим, рече дека тоа е „технолошки напредок“ во прецизното стимулирање на конусите, но дека откривањето на нова боја останува „прашање за дебата“.

Според него, промените во перцепцијата на бојата би можеле да се објаснат со промени во чувствителноста на клетките, што не е невообичаено во други околности.

Сепак, професорот Нг и неговиот тим веруваат дека откритието може да отвори нови можности за разбирање на видот кај луѓето со далтонизам - состојба што им отежнува на луѓето да разликуваат одредени бои. Како што велат тие, иако оло е „технички исклучително тешка за гледање“, ова може да помогне во развојот на нови пристапи за лекување на нарушувања на видот.

реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Вести

Apple со еден потег сериозно го потресе Google

Read more

Huawei го претстави првиот лаптоп со својот оперативен систем

Read more

Приказна за легендарната фотографија што го симболизира падот на нацистичка Германија

Read more

Бил Гејтс ќе донира 99% од неговото богатство

Read more
 

Гик

Apple со еден потег сериозно го потресе Google

Читај повеќе

Huawei го претстави првиот лаптоп со својот оперативен систем

Читај повеќе

Приказна за легендарната фотографија што го симболизира падот на нацистичка Германија

Читај повеќе

Бил Гејтс ќе донира 99% од неговото богатство

Читај повеќе

Кина ќе ги одржи првите игри за хуманоидни роботи: Атлетика, фудбал и танцување

Читај повеќе

GTA 6 го сруши интернетот

Читај повеќе
  • filter

Советско вселенско летало ќе падне на Земјата 53 години по лансирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

Хуманоиден робот нападна вработен за време на тестирање

Читај повеќе
  • filter

Ја знаете ли приказната за Систинската капела?

Читај повеќе