Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Макфакс/Кајгана
/ 03.10.2026 / 09:51

Научници открија 11.742 различни вируси во седиментите на дното на Тихиот Океан, при што повеќе од 99% од идентификуваните вирусни групи досега не биле застапени во научните бази на податоци.

Откритието е направено во зоната Кларион-Клипертон, огромно подрачје на длабокото морско дно познато по богатите резерви на полиметални нодули. Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Nature Communications.

Истражувањето го спровеле Бовен Хоу и Лилан Чан од Универзитетот во Чонкин и Дон Сун од Вториот институт за океанографија во Кина.

Примероците од седиментите биле собрани во текот на 2023 и 2024 година. Научниците од нив издвоиле ДНК и РНК, а со секвенционирање создале каталог на вирусите присутни во овој дел од океанското дно.

Резултатите покажале исклучително голема разновидност. Повеќе од 99% од идентификуваните вирусни кластери не биле присутни во постојните референтни бази, а вирусите покажале мало преклопување со оние пронајдени во други длабокоморски живеалишта.

Голем дел од вирусите се поврзуваат со бактерии и археи кои имаат важна улога во кружењето на јаглеродот, азотот, фосфорот, сулфурот и металите во екосистемот.

Истражувачите утврдиле и дека вирусите носат помошни метаболички гени, со кои потенцијално можат да влијаат врз метаболизмот и преживувањето на организмите што ги инфицираат. Анализите укажуваат дека размената на гени меѓу вирусите и нивните домаќини може да им помогне на микроорганизмите да се приспособат на средина богата со метали.

Зоната Кларион-Клипертон е од голем интерес и поради огромните количества полиметални нодули на морското дно. Тие содржат метали како манган, кобалт, никел, литиум и цинк, поради што подрачјето се смета за потенцијална локација за идно длабокоморско рударство.

Токму можните рударски активности се една од причините за истражувањето. Авторите сакаат да создадат почетна слика за микробниот екосистем пред евентуалното започнување на експлоатацијата, за во иднина да може да се процени нејзиното влијание врз животната средина.

Длабокоморското рударство би можело физички да го наруши морското дно, да ги подигне седиментите и повторно да ги наталожи на други места. Претходни истражувања покажуваат дека влијанието би можело да се прошири и надвор од самото морско дно и да влијае врз пошироките екосистеми.

Научниците посочуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди како евентуалното рударство би влијаело врз новооткриените вируси, нивните микробни домаќини и процесите во кои тие учествуваат.

реклама

Вести

Дали ќе престанете да добивате ажурирања за вашата верзија на Windows?

Read more

Безос: Одиме на Месечината за да останеме таму

Read more

Apple воведе ново правило, ќе важи од следната година

Read more

Нобеловата награда за хемија доделена во областа на асиметричната хемија

Read more

Гик

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Читај повеќе

Дали ќе престанете да добивате ажурирања за вашата верзија на Windows?

Читај повеќе

American Airlines ќе воведе Starlink Wi-Fi во целата своја флота на авиони во 2027

Читај повеќе
  • play_arrow

Безос: Одиме на Месечината за да останеме таму

Читај повеќе

Apple воведе ново правило, ќе важи од следната година

Читај повеќе

Xbox демантира дека има ексклузивни права за стримување на GTA 6

Читај повеќе

Нобеловата награда за хемија доделена во областа на асиметричната хемија

Читај повеќе

Добитникот на Нобеловата награда за физика e oсновач на нова научна гранка за проучување на вселената

Читај повеќе

Кинезите направија подводни соларни панели: Произведуваат струја и на длабочина од 10 метри

Читај повеќе