Научниците ја открија причината за прераната смрт на Венера од Ботичели

Симонета Веспучи била една од најголемите убавици на ренесансата, но малку познат факт е дека починала на само 22 години. Научниците сега пронашле трага за која се сомневаат дека е поврзана со нејзината прерана смрт.

Кога Сандро Ботичели го насликал делото „Раѓањето на Венера“, го создал едно од најпрепознатливите дела во историјата на уметноста. Но, зад ликот на божицата лежи приказната за вистинска жена чија убавина ја пленила ренесансната Фиренца, но чиј живот прерано згаснал.

Која била Венера?

Се верува дека сликарот бил инспириран од Симонета Веспучи (моминско Катанео), млада благородничка од Џенова која нејзините современици ја сметале за најубавата жена на своето време. Таа пристигнала во Фиренца кога имала 16 години бидејќи се омажила за Марко Веспучи (далечен роднина на морепловецот Америго Веспучи), а нејзината исклучителна убавина наскоро ја направила омилена на дворот на семејството Медичи.

Поетите ѝ посветувале стихови, уметниците сакале да ја насликаат, а нејзиното име станало синоним за ренесансниот идеал за женска убавина во Европа во тоа време.

Сепак, нејзиниот живот траел само 22 години. Симонета починала на 26 април 1476 година, а до неодамна многумина верувале дека починала од туберкулоза, честа болест во тоа време, за која немало лек. 

Туберкулоза или нешто друго?

Научниците предводени од Паоло Поцили забележале дека Симонета на неколку слики имала мал страбизам (вкрстени очи). Затоа го префрлиле фокусот на проучување на болестите поврзани со него и го објавиле своето набљудување во списанието Endocrinology, Diabetes & Metabolism.

Заклучокот е дека најверојатно починала од туморска апоплексија. Состојба што се јавува поради ненадејно крварење или прекин на протокот на крв во туморот, во повеќето случаи поврзана со аденом на хипофизата.

Ширењето на туморот најверојатно ги зафатило нервите во окото, што довело до нивно нерамномерно позиционирање, односно прекрстување на очите. Како доказ за поддршка на овие тврдења, тие исто така наведуваат писма што циркулирале меѓу фирентинската елита од тоа време, дека Симонета неколку пати се онесвестила јавно, но и дека страдала од главоболки, трески, нарушувања на видот, па дури и конфузија и халуцинации.

Додека претпоставките околу познатата Симонета на Ботичели продолжуваат да се зголемуваат, нејзината убавина останува безвременска и ги надминува границите на Фиренца и ренесансата.

Тагови
реклама

Топол воздух од Сахара доаѓа во Европа, температурите ќе достигнат 47°C

Read more

Реакција на Русија за пристапувањето на Македонија во Коалицијата на волните

Read more

Откриено живо суштество старо 2.300 години на дното на морето 

Read more

Зборови вредни повеќе од медал: Јамал откри што му рекол Меси по финалето

Read more

Вести

Кои телефони нема да можат да користат WhatsApp од декември?

Read more

Artemis III ќе биде најсложената мисија на НАСА досега, со 4 вселенски летала

Read more

Кина планира да удри астероид со ракета што ќе биде 26 пати побрза од брзината на звукот

Read more

Фасцинантно тајмлапс видео: Како Psyche го виде Марс?

Read more

Гик

Кои телефони нема да можат да користат WhatsApp од декември?

Читај повеќе
  • filter

Artemis III ќе биде најсложената мисија на НАСА досега, со 4 вселенски летала

Читај повеќе
  • play_arrow

Археолозите ја открија изгубената „европска Атлантида“: 8.500 години скриена под морето

Читај повеќе

Кина планира да удри астероид со ракета што ќе биде 26 пати побрза од брзината на звукот

Читај повеќе

Откриено живо суштество старо 2.300 години на дното на морето 

Читај повеќе
  • play_arrow

Фасцинантно тајмлапс видео: Како Psyche го виде Марс?

Читај повеќе
  • play_arrow

Gallipoli, нова игрица со тематика од Првата светска војна, излегува во август

Читај повеќе

Астрономи открија свлечишта на Плутон доволно големи да закопаат цели градови на Земјата

Читај повеќе

„Падна“ Facebook

Читај повеќе