Новата железничка рута воодушевува: 1.400 километри низ најубавите предели во Европа

Европа добива нова ноќна железничка линија што ги поврзува Базел, Копенхаген и Малме. На патување од 1.400 километри, возот три пати неделно ќе поминува низ некои од најубавите градови и пејзажи во Европа, нудејќи удобно и еколошки одржливо патување од Швајцарија до Северна Скандинавија.

Патувањето со воз станува сè попопуларен начин на патување - полека, опуштено, уживајќи во удобните купеа и погледите низ прозорецот. Многу европски земји доживуваат бум на ноќни возови со вагони за спиење, тематски и ретро линии, додека земјите инвестираат во нови рути што ги задоволуваат дури и најпребирливите патници.

Во овој бран на проширување на железничките мрежи, најавена е нова линија што ќе ги поврзува Базел, Копенхаген и Малме три пати неделно.

Проектот чека одобрување од швајцарскиот парламент, а првото возење е планирано да започне на 15 април 2026 година. Билетите наскоро треба да бидат пуштени во продажба.

Детали за новата рута

Возот ќе тргнува од Базел во среда, петок и недела во 17:35 часот, а ќе пристигнува во Малме во 9:35 часот следниот ден наутро, по 16-часовно патување.

Централната станица во Малме (Malmö centralstation), популарно наречена Малме Ц (Malmö C)

Враќањето од Малме е планирано во четврток, сабота и понеделник во 18:57 часот, со пристигнување во Базел во 11:30 часот, што вкупно изнесува околу 1.400 километри поминати низ Швајцарија, Германија, Данска и Шведска.

На пат, ќе застане во градовите Фрајбург, Карлсруе, Манхајм, Франкфурт, Хамбург, Падборг, Колдинг, Оденсе, Хеје-Таасруп и Копенхаген.

Поради распоредот, возот нема да застанува на Централната станица во Копенхаген, но патниците можат да стигнат до центарот на градот за околу 15 минути со локалниот воз S-Bahn. Ноќниот воз ќе има капацитет за околу 350 патници, вклучувајќи легла, склопливи кревети и седишта.

Централната станица во Копенхаген (Københavns Hovedbanegård), или скратено Ховедбанен (Hovedbanen)
Ноќните возови во пораст

Ноќните возови стануваат сè попопуларен начин за патување низ Европа, но развојот на нови линии честопати е попречен од високите трошоци за одржување.

Швајцарската влада издвои 47 милиони швајцарски франци (околу 50,6 милиони евра) за поддршка на меѓународните ноќни возови до 2030 година, како дел од Законот за CO₂, со цел намалување на емисиите на стакленички гасови за половина во следните пет години.

Воз поминува низ Швајцарија
реклама

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Read more

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Read more

Вести

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Read more

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Read more

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Read more

Колку соларни панели се потребни за да напојуваат еден дата-центар?

Read more

Гик

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Читај повеќе
  • play_arrow

Google ја создаде најбизарната тастатура: Не барате букви со прстите, сами доаѓаат до вас

Читај повеќе

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Читај повеќе

Mozilla го редизајнира Firefox и сака да го направи попривлечен за корисниците на Chrome

Читај повеќе

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Читај повеќе

Колку соларни панели се потребни за да напојуваат еден дата-центар?

Читај повеќе

Како Tinder се обидува да ги убеди корисниците да „дејтаат“?

Читај повеќе

Научниците открија што го зголемува ризикот од рак на белите дробови, особено кај непушачите

Читај повеќе