Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Податоците од американската вселенска агенција НАСА покажуваат дека меѓуѕвездениот објект 3I/ATLAS се забрзал по перихелот и малку отстапил од својата патека откако ја достигнал најблиската точка до Сонцето. Во меѓувреме, НАСА сè уште не објавила фотографија од него направена од Mars Reconnaissance Orbiter.

Податоците на НАСА за позицијата и движењето на кометата 3I/ATLAS покажуваат дека таа неочекувано се приближила до сонцето. Всушност, го променила курсот за да се движи во правец на Земјата. Исто така, забрзала енормно во споредба со својата оригинална брзина кога била забележана во Сончевиот Систем. Податоците на НАСА потврдуваат дека нешто го турнало објектот од предвидениот пат со дополнителен „удар“, но агенцијата има едноставен одговор за тоа: гравитацијата на сонцето го турнала токму кога стигнал до перихелот. Сепак, други научници не се толку сигурни. 3I/ATLAS патувал со 209.000 км/ч кога бил откриен во јули, но откако стигнал до перихелот на 29 октомври, забрзал и сега патува со приближно 244.000 км/ч.

НАСА за прв пат потврди во вторникот дека неговиот курс одеднаш се променил „надвор од контролата на гравитацијата“, објави Daily Mail. Ова се случило веднаш по перихелот. Во моментов, 3I/ATLAS не е видлив од Земјата бидејќи се „крие“ во сјајот на Сонцето. Научникот од Харвард, Ави Лоеб, очекува објектот да има облак од гас и прашина околу себе од најмалку 5 милијарди тони. Астрономите сè уште немаат докази дека 3I/ATLAS испуштил речиси толку гас, што би го квалификувало како комета. Меѓутоа, ако тоа не се случи, тогаш нешто друго го движи 3I/ATLAS и би можело да биде знак за „вештачки погон“. Ова би го објаснило и ненадејното зголемување на брзината.

Но, овој потисок се намалил во последните денови, а тоа не е поврзано со гравитацијата на Сонцето, тврди НАСА. Сето ова би можело да биде поврзано со губењето на масата од најмалку 13% во близина на Сонцето, бидејќи тоа би создало доволно гас за да предизвика кометата брзо да забрза. Но, ова е само претпоставка, бидејќи астрономите сè уште не виделе докази за овој феномен. 3I/ATLAS сега станува видлив од Земјата, но најдобрите слики нема да се појават до крајот на ноември и декември, кога ќе се приближи до Земјата.

Вселенскиот телескоп James Webb ќе го бара овој масивен облак од гас и прашина, што конечно ќе го одреди составот на овој меѓуѕвезден објект.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Read more

Како да исчистите бели патики без перење во машина? 

Read more

Вести

Severe Weather потврди: Доаѓа најсилниот Супер Ел Нињо досега

Read more

Екипажот на Artemis се враќа на Земјата, најтешкиот дел допрва следи

Read more

Почнаа испораките на роботот Panther за домашни работи, батеријата трае до 16 часа

Read more

Маск доби моќен сојузник во изградбата на фабрика за вештачка интелигенција

Read more
 

Гик

Severe Weather потврди: Доаѓа најсилниот Супер Ел Нињо досега

Читај повеќе

Instagram воведе можност да правите измени на веќе објавени коментари

Читај повеќе

Екипажот на Artemis се враќа на Земјата, најтешкиот дел допрва следи

Читај повеќе

Почнаа испораките на роботот Panther за домашни работи, батеријата трае до 16 часа

Читај повеќе

Маск доби моќен сојузник во изградбата на фабрика за вештачка интелигенција

Читај повеќе
  • filter

Пронајдена подморница потоната во XIX век открила неочекуван крај на екипажот

Читај повеќе

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Научници открија пат од жолти цигли на дното на океанот

Читај повеќе

Активирајте скриени функции на Windows со еден клик

Читај повеќе