Сензационално откритие во Италија: Пронајдена изгубената базилика на Таткото на архитектурата

Градбата што научниците со векови безуспешно ја бараат би можела да го промени разбирањето за римската архитектура и да стане едно од најголемите археолошки откритија во последните децении.

Археолозите открија базилика во италијанскиот град Фано, стара повеќе од 2.000 години, за која се верува дека ја дизајнирал познатиот римски архитект и инженер Марко Витрувиј Полион (Marcus Vitruvius Pollio), познат како „татко на архитектурата“.

Витрувиј, кој живеел во I век п.н.е., е автор на деллото „De architectura“ (За архитектурата), најстариот зачуван трактат за архитектурата.

Неговите размислувања за пропорциите и хармонијата на градбите  со векови ја обликувале европската уметност и архитектура, а исто така силно влијаеле и врз Леонардо да Винчи, авторот на познатиот цртеж на човечкото тело познат како „Витрувиевиот човек“.

Планирани се понатамошни археолошки истражувања
Витрувиј

Експертите веруваат дека во самиот центар на Фано, град кој се наоѓа североисточно од Рим, се пронајдени остатоци од базилика што самиот Витрувиј ја изградил во античко време.

Градоначалникот на Фано, Лука Серфилипи, рече дека ова е „откритие на векот“, бидејќи научниците и истражувачите безуспешно ја барале оваа базилика повеќе од петстотини години.

Археолошкиот надзорник Андреа Песина истакна дека наодите „целосно се совпаѓаат“ со описите што ги оставил Витрувиј во своите дела.

Додаде дека се во тек дополнителни ископувања кои треба да покажат колку од базиликата е сè уште под земја и дали локацијата ќе може да се отвори за јавноста.

„Ова е сензационално откритие и нешто за што нашите внуци ќе зборуваат“, рече италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули.

Скица на базиликата во Фано според податоците од Ветрувиј (горе) и реконструкција на базиликата (доле)
реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Вести

Маск се пишмани: Наместо кон Марс, сега се стреми кон Месечината

Read more

USB каков што го знаеме влегува во историјата

Read more

Google се пофали: Застапеноста на Android 16 расте 

Read more

Русија има ново оружје против дронови: Изгледа како џиновска косилка за трева

Read more
 

Гик

Маск се пишмани: Наместо кон Марс, сега се стреми кон Месечината

Читај повеќе

USB каков што го знаеме влегува во историјата

Читај повеќе

Google се пофали: Застапеноста на Android 16 расте 

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија има ново оружје против дронови: Изгледа како џиновска косилка за трева

Читај повеќе

Мразот се топел, но планетата не реагирала правилно: Што навистина се случило на Антарктикот?

Читај повеќе

Колку ќе чини Xiaomi 17 Ultra во Европа?

Читај повеќе

Apple тесно го победи Samsung во продажбата на телефони

Читај повеќе

Сајбер експертите предупредуваат: Не заборавајте да исклучите една функција на телефонот

Читај повеќе

Колосална сончева ерупција ги оневозможи радио сигналите низ Африка и Европа

Читај повеќе