Што е USB кондом и зошто ви треба?

Не е секој USB порт на кој ќе налетате безбеден. Компромитирани полначи можат да ви нанесат голема штета ако не сте заштитени, и тоа на повеќе нивоа.

Во брзање да го наполниме телефонот на аеродром, во кафуле, ресторан или автобус, често не размислуваме дека и обичен USB порт на јавен полнач може да биде замка. Токму тој момент на невнимание може да ве чини – и приватност, и пари.

Гостувајќи во емисијата „150 минути“ на телевизија Prva, Дарко Наталиќ, стручњак за комуникација во областа на сајбер безбедност, ги предупреди гледачите на сè почестата пракса на кражба на податоци преку јавни USB полначи. Решението? Необично име, но многу практично – USB кондом.

Станува збор за мал уред што спречува пренос на податоци преку кабелот додека овозможува полнење на телефонот. Техничкото име му е „data blocker“, но поради функцијата на заштита на корисникот, духовито е наречен „USB кондом“.

„Тоа е уред што се поставува меѓу вашиот кабел и полначот и служи само за напојување. Ги блокира сите обиди за комуникација меѓу вашиот телефон и потенцијално компромитираниот извор на напојување“, објаснува Наталиќ.

Иако повеќето современи телефони нудат опција да изберете меѓу полнење и пренос на податоци кога ќе приклучите USB кабел, таа заштита не е секогаш гарантирана, бидејќи некои уреди ја прескокнуваат оваа потврда.

„Дури и ако мислите дека сте заштитени, можно е некоја верзија на софтверот да ја има отстрането таа опција. А истражувачите од Универзитетот во Грац докажаа дека постојат малвери што можат да ја заобиколат оваа заштита и автоматски да го вклучат преносот на податоци“, вели Наталиќ.

Што сè може да направи хакерот ако му ги „отворите вратите“?

Ако телефонот дозволува пренос на податоци при полнење, на хакерите им се потребни само неколку моменти за да добијат пристап до вашите фотографии, видеа, па дури и лични документи или платежни картички. Во најдобар случај – ја губите интимноста. Во полош – пари. А во најлош – и идентитетот.

„Денес постојат алгоритми што автоматски го анализираат содржајот и бараат ‘интересни’ информации“, предупредува Наталиќ. „Вашите податоци можат да завршат на црниот пазар, да се користат за кражба на идентитет или како основа за фишинг напади.“

Ако мора да го полните телефонот надвор од дома, Наталиќ советува да носите екстерна батерија (Power Bank). Таа не може да разменува податоци и служи исклучиво за напојување, што ја прави целосно безбедна.

Алтернативно, USB кондом или специјални кабли што не поддржуваат пренос на податоци може да бидат корисна опција – но имаат и недостатоци. Полнењето е побавно, што не е идеално ако сте во брзање.

реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Вести

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Read more

Нови ограничувања на Instagram за тинејџерите

Read more

Скриен Windows трик за кој малкумина знаат

Read more

Вештачката интелигенција прави грешки во дијагнозите во повеќе од 80% од случаите

Read more
 

Гик

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Читај повеќе

Нови ограничувања на Instagram за тинејџерите

Читај повеќе

Скриен Windows трик за кој малкумина знаат

Читај повеќе

Meta развива AI клон на Марк Закерберг

Читај повеќе

Вештачката интелигенција прави грешки во дијагнозите во повеќе од 80% од случаите

Читај повеќе

Илон Маск откачи: Проблем е што не сум црнец

Читај повеќе

Дали вредеа милијардите вложени во мисијата Artemis II?

Читај повеќе
  • play_arrow

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Астронаутите од мисијата Artemis II слетаа на Земјата

Читај повеќе