Што тргна наопаку: Како моделот на вештачка интелигенција на OpenAI стана нестабилен и опасен?

OpenAI истражува инцидент откако модел за тестирање на вештачка интелигенција оваа недела ја напушти контролираната средина и, за време на внатрешна безбедносна проверка, стигна до серверите на друга компанија.

Според CNN, моделот го пронашол својот пат надвор од т.н. песочна кутија (sandbox), средина дизајнирана за изолирано тестирање на системи со вештачка интелигенција, за време на внатрешна проценка на сајбер безбедноста.

Претседателот на OpenAI, Грег Брокман, на прес-конференција изјави дека компанијата спроведува целосна истрага за да разбере сè што се случило.

„Ова е нешто што треба да се сфати многу сериозно и затоа го разгледуваме секој дел од нашиот процес за да го утврдиме вистинскиот одговор.“

Проблемот, според експертите, се појавил затоа што тест-окружувањето не било целосно отсечено од мрежата. OpenAI наведе дека моделите имале многу ограничен пристап до мрежата за да можат да инсталираат ресурси од внатрешно хостиран софтвер од трети страни.

Џесика Џи од Центарот за безбедност и технологии во развој во Џорџтаун изјави дека токму ранливоста во тој софтвер го отворила патот кон интернетот, а потоа и до платформата Hugging Face, преку украдени акредитиви и други слабости на системот.

Соговорниците на CNN предупредуваат дека ова не е само изолиран инцидент, туку сигнал за поширок проблем во развојот на напредни AI агенти. Моделите обучени со методи базирани на награда за завршување на задачите, доколку не се фокусирани на етичко решавање проблеми, можат да посегнат по нелегални чекори за да ги постигнат своите цели.

Стивен Адлер, поранешен раководител на безбедноста на производите во OpenAI, рече дека сега имаме вистински докази дека нерегулираните системи со вештачка интелигенција всушност можат да извршат кривични дела освен ако не се воспоставени силни заштитни мерки.

Затоа расте притисокот од истражувачите, експертите за сајбер безбедност и законодавците за воведување построги правила за тестирање на вакви системи. Експертите велат дека компаниите треба да бидат поагресивни во изолирањето на тест моделите и одржувањето на можноста рачно да го исклучат пристапот до мрежата како последно средство во ризични сценарија.

Тагови
реклама

Вести

Астрономи открија џиновска карпеста мега-Земја, 23 пати помасивна од нашата планета

Read more

Океаните вријат: Морските топлотни бранови влијаат на копното и обезбедуваат енергија за бурите

Read more

Apple испрати итно предупредување во 110 земји: Веднаш проверете го вашиот iPhone 

Read more

Instagram и Facebook може да изгубат клучни функции поради тужба

Read more

Гик

Астрономи открија џиновска карпеста мега-Земја, 23 пати помасивна од нашата планета

Читај повеќе

Дали вашиот Xiaomi телефон ќе остане без поддршка?

Читај повеќе

Океаните вријат: Морските топлотни бранови влијаат на копното и обезбедуваат енергија за бурите

Читај повеќе

Apple испрати итно предупредување во 110 земји: Веднаш проверете го вашиот iPhone 

Читај повеќе

Голема промена на YouTube доаѓа на 24 август

Читај повеќе

Нема да го копира Apple: Што ќе отфрли Samsung од Galaxy S27?

Читај повеќе

Откриени три супермасивни црни дупки во „смртоносен танц“

Читај повеќе

Instagram и Facebook може да изгубат клучни функции поради тужба

Читај повеќе
  • play_arrow

SpaceX лансираше две ракети од два американски брега за само 38 минути

Читај повеќе