Spotify соопшти дека ја зголемува цената на претплатата во неколку земји од септември.
Стриминг услугата Spotify најави ново зголемување на цената за својата Premium претплата, кое ќе стапи на сила од септември 2025 година, на неколку меѓународни пазари, вклучувајќи ги Европа, Азија и Латинска Америка.
Како што соопшти компанијата, цената на индивидуалниот Premium пакет ќе се зголеми од 10,99 евра на 11,99 евра месечно. Одлуката е дел од пошироката стратегија на Spotify за подобрување на услугата и постигнување поголема профитабилност.
Промените ќе влијаат на корисниците во Јужна Азија, Блискиот Исток, Африка, Европа, Латинска Америка и Азиско-пацифичкиот регион. Компанијата планира да ги извести корисниците за зголемувањето на цената преку е-пошта во наредните недели.
Ова е второ зголемување на цената за една година, откако Spotify веќе воведе корекции на одредени пазари во текот на 2024 година. Компанијата вели дека дополнителното финансирање е потребно за понатамошни инвестиции во платформата, вклучувајќи го развојот на функционалноста и проширувањето на музичката и подкаст содржината.
Засега не е познато дали корисниците во Македонија ќе бидат опфатени со ова зголемување на цената.
Spotify моментално има над 615 милиони корисници ширум светот, од кои 226 милиони се претплатници на Premium план.