TikTok објави промена што ќе влијае на тинејџерите кои „до бесвест“ скролаат навечер, соопшти компанијата.

Сè поголем број тинејџери пребаруваат на TikTok кога „немаат што попаметно да прават“, а истражувањата за влијанието на користењето на социјалните медиуми врз нивното здравје само се натрупуваат. Затоа, оваа платформа одлучи да им понуди нешто ново доколку се активни по 22 часот.
TikTok одамна воведе водени медитации како начин корисниците да се опуштат и фокусираат, а сега тие ќе им се прикажуваат на малолетници кои се активни на оваа мрежа по 22 часот.
TikTok спроведе истражување за новата функција што ќе го прекинува гледањето видеа со водена медитација насочена кон полесно заспивање. Ако тинејџер го игнорира тоа известување, TikTok подоцна ќе го прикаже на цел екран, што ќе го отежни игнорирањето.
„Скокачката“ водена медитација ќе биде достапна и за возрасни корисници, но ќе биде автоматски активирана кај малолетниците. За време на тестирањето на оваа функција, 98% од анкетираните тинејџери ја оставиле медитацијата активна, наместо да ја исклучат.
Поради растечките повици до TikTok и другите социјални мрежи за подобра заштита на своите најмлади корисници, компанијата започна и иницијатива за донирање рекламен простор на хуманитарни организации кои го промовираат менталното здравје.
Воведувањето на медитација за тинејџери е најновото во низата обиди на „големите технолошки“ компании да посветат поголем фокус на менталното здравје на своите корисници, особено на малолетниците. Така, компанијата Meta воведе тинејџерски сметки со ограничен пристап, а Snapchat им отежна на возрасните корисници да контактираат со малолетници преку самата апликација.