Уран и Нептун би можеле да бидат полни со камења

Уран и Нептун се две планети историски класифицирани и сметани за ледени џинови, кои орбитираат далеку на студените рабови на нашиот Сончев Систем. Сепак, можно е нашето разбирање за нивниот состав да е сосем погрешно и овие планети всушност да се полни со карпи, сугерираат истражувачите во нова студија.

„Откривме дека и Уран и Нептун имаат надворешни слоеви кои се претежно составени од карпи, како и од водород и хелиум. Ова е спротивно на вообичаеното верување дека тие се ледени планети“, изјави за Space авторката на студијата, Јамила Мигел од Холандскиот институт за вселенски истражувања.

Двете планети имаат карпести внатрешни јадра опкружени со ледени школки, а потоа и густи атмосфери за кои се смета дека содржат водород, хелиум и метан, како и силикатни облаци. Во некои области со висок притисок, гасовитата атмосфера се претвора во течна состојба, но резултатите од оваа студија сугерираат дека овие атмосфери би можеле да бидат „посипани“ и со карпи.

Истражувачкиот тим дошол до овие заклучоци откако ново истражување покажа дека објектите во заднептунскиот регион, ледениот регион зад Нептун, се всушност повеќе карпести отколку ледени. Претходните студии веќе сугерираа дека објекти како Плутон, кометите и телата од Кајперовиот Појас имаат покарпест состав, велат истражувачите.

„Си помисливме дека ако овие објекти се претежно карпести, можеби и Уран и Нептун се такви“, рече Мигел.

За да дојдат до своите заклучоци, истражувачите го моделирале составот на обете планети, симулирајќи ги нивните обвивки (внатрешна и надворешна атмосфера), мантија и јадро. Врз основа на услови како што се температурите во атмосферските слоеви, тимот открил дека овие услови би можеле да доведат до кондензација на силикатни облаци во одредени делови од атмосферата, создавајќи карпест материјал.

Значи, иако Уран и Нептун се познати како ледени џинови кои се далеку од Сонцето, тие се покарпести отколку што претходно се сметаше за ледени планети. Како што вели Мигел, „тие можеби имаат многу мраз во нивната внатрешност, но сигурно не се целосно ледени како што претходно верувавме“.

Мигел верува дека ова ново знаење би можело да отвори и дебата за рекласификација на овие планети.

„Треба да ја промениме нивната класификација за да не биде погрешна. Наместо ледени или карпести, би можеле едноставно да ги наречеме мали џинови или нешто слично“, истакна таа.

Сепак, важно е да се нагласи дека оваа студија не претставува дефинитивна нова класификација на овие планети, но покренува интересни прашања за нивниот состав, вклучувајќи: дали нивните атмосфери навистина можат да бидат полни со карпи, кои други важни аспекти од нивниот состав сè уште не се откриени, кои други мистерии лежат скриени во студените, далечни делови од нашето космичко соседство...

реклама

Потврдено: Почна Ел Нињо, ќе биде екстремен

Read more

Трамп: Го ликвидиравме водачот на една од најопасните криминални организации во светот

Read more

Лукиќ собори рекорд и стана најбараниот фудбалер во светот

Read more

Рецепт на денот: Печен лосос со мед и лук

Read more

Вести

Падна Facebook, илјадници корисници пријавуваат проблеми

Read more

Канада со закон ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години

Read more

Дали вашиот лаптоп работи ужасно бавно? 

Read more

Научници открија древни гробишта на китови чии остатоци се дом на видови кои досега не биле документирани

Read more

Гик

Trump Mobile T1 Phone е всушност HTC

Читај повеќе

Падна Facebook, илјадници корисници пријавуваат проблеми

Читај повеќе

Samsung Galaxy S27 Pro ќе има неочекуван капацитет на батеријата

Читај повеќе

Канада со закон ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години

Читај повеќе

Дали вашиот лаптоп работи ужасно бавно? 

Читај повеќе

Научници открија древни гробишта на китови чии остатоци се дом на видови кои досега не биле документирани

Читај повеќе

ЕУ ѝ наложи на Meta да престане да блокира конкурентски AI четботови на WhatsApp

Читај повеќе

Европската комисија го обвини Apple дека лаже: Вистинската причина зошто Siri AI нема да дојде во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Читај повеќе