Згаснува една од најпознатите услуги за складирање лозинки

Dropbox соопшти дека целосно ќе ја прекине својата услуга за лозинки на крајот на октомври оваа година.

Dropbox Passwords, услуга за складирање лозинки, ќе биде трајно исклучена на 28 октомври 2025 година, соопшти компанијата.

Станува збор за алатка што Dropbox ја лансираше во 2020 година, но која, како што велат, повеќе не е во фокусот на развојот. Корисниците ќе мора да ги преземат и префрлат своите лозинки на други услуги до тој датум, бидејќи сите податоци потоа ќе бидат неповратно избришани.

Од 28 август 2025 година, корисниците ќе можат да користат само режимот view only за постојните лозинки - повеќе нема да можат да додаваат нови, ниту да ја користат опцијата за автоматско пополнување.

Од 11 септември, мобилната апликација ќе престане да работи, а податоците ќе бидат достапни само преку додаток во интернет прелистувачот.

Конечно, на 28 октомври, Dropbox Passwords се исклучува целосно.

Dropbox вели дека сите корисници може да ги извезуваат своите лозинки директно од апликацијата или додатокот. Како алтернатива, тие препорачуваат услуги како што се 1Password и Bitwarden, кои нудат можност за лесно внесување податоци.

Доколку корисниците не преземат мерки до дадениот рок, нивните лозинки ќе бидат трајно избришани, без можност за обновување.

реклама

Вести

Падна ChatGPT 

Read more

Конечно Start мени во Windows 11 какво што отсекогаш сме посакувале

Read more

Ново правило за батериите на мобилните во ЕУ од 2027 година

Read more

Google Play Store доби опција што ја чекавме со години

Read more
 

Гик

Падна ChatGPT 

Читај повеќе

Конечно Start мени во Windows 11 какво што отсекогаш сме посакувале

Читај повеќе

Ново правило за батериите на мобилните во ЕУ од 2027 година

Читај повеќе

Google Play Store доби опција што ја чекавме со години

Читај повеќе
  • play_arrow

AI режимот на Google во Chrome сега отвора линкови еден до друг во истиот таб

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус што вози самостојно наскоро ќе превезува патници во Норвешка

Читај повеќе

Откриен план на Белата куќа: НАСА треба да постави нуклеарни реактори на Месечината

Читај повеќе

Астрономи за прв пат ја измерија неверојатната моќ и брзина на млазовите од црни дупки

Читај повеќе

Honor тестира батерија од 11.000 mAh за смартфон

Читај повеќе