Зошто Google и Apple ги здружија силите?

Начинот на кој се префрламе од Android на iPhone и обратно се менува засекогаш.

Google и Apple работат на заедничка функција која целосно ќе го промени преносот на податоци помеѓу старите и новите Android и iPhone уреди. Првите траги веќе се појавија во верзијата Android Canary.

Во соработка што никој не ја очекуваше, Google и Apple ги здружија силите за драстично да го променат начинот на кој се префрламе од Android на iPhone и обратно. Првите траги од оваа функција, која засекогаш ќе ја елиминира маката со преносот на податоци, беа откриени во најновата верзија на Android Canary.

Според информациите добиени од 9to5Google, Apple и Google заеднички развиваат систем кој значително ќе го олесни преносот на податоци од стар уред на нов. Со други зборови, без дополнителни апликации и компликации, новиот телефон наскоро ќе може да ја преземе вашата целосна историја на користење од друга платформа - и со поддршка за повеќе видови датотеки од кога било досега.

Првиот чекор во таа насока се појави во верзијата Android Canary 2512 (ZP11.251121.010), која е достапна за Pixel телефоните од 8 декември. Apple го подготвува и своето решение за бета верзијата за развивачи на iOS 26.

Секако, бета верзиите за развивачи на Android Canary и iOS не се наменети за пошироката јавност, туку за девелоперите. Од страна на Google, се очекува функцијата да пристигне во бета изданието на Android во наредните месеци, пред да биде целосно подготвена, односно пред да биде имплементирана во стабилен Android.

Едно е сигурно: префрлањето од Android на iPhone и обратно никогаш нема да биде исто. Дотогаш, постојните решенија се сè уште достапни за корисниците - апликацијата Move to iOS на Apple и Android Switch на Google.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Вести

TikTok воведува голема промена што корисниците одамна ја чекаат

Read more

Се продава редок функционален Apple I компјутер 

Read more

Крај на една ера: Тим Кук повеќе не е шеф на Apple

Read more

Збогум на месечните претплати: Xiaomi има решение што го заменува Google Drive

Read more

Гик

TikTok воведува голема промена што корисниците одамна ја чекаат

Читај повеќе

Project DualPlay Mini на Acer е рачна гејмерска конзола која се претвора во мал лаптоп

Читај повеќе

Се продава редок функционален Apple I компјутер 

Читај повеќе

Крај на една ера: Тим Кук повеќе не е шеф на Apple

Читај повеќе

Збогум на месечните претплати: Xiaomi има решение што го заменува Google Drive

Читај повеќе
  • play_arrow

Астронаутки заменија камера и уред за приклучување на вселенски летала на МВС

Читај повеќе

WhatsApp има нова опција што штити од измама, но мора сами да ја вклучите

Читај повеќе

Генијален трик за пронаоѓање изгубен телефон дома

Читај повеќе
  • filter

Мистерија длабоко под мразот: Антарктикот го покрил мраз среде тропска ера

Читај повеќе