ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

„Гласај“ – нова иницијатива на ЦИВИЛ за граѓанско учество на изборите

Здружението ЦИВИЛ ја спроведе иницијативата „Гласај / Voto“ на социјалните мрежи со цел, како што соопшти денеска, да им даде поттик на граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули.

ЦИВИЛ повикува на гласање, но и на максимално придржување кон мерките за заштита од коронавирусот на денот на гласањето.

Наведуваат дека многу познати јавни личности, граѓански активисти, актери, музичари, новинари ја препознале важноста на правото на глас и зошто е потребна излезноста на 15 јули, и ја поддржаа оваа инцијатива.

– Оваа иницијатива ја поддржаа: Перо Арсовски, актер и голем поборник за демократски и европски вредности, Дорина Ајдини, граѓанска активистка и популарна ТВ водителка, Ирена Стеријовска, режисерката и активистка, музичарот Мирко Попов, познат и како ПМГ Колектив, Анита Латифи, новинарка и активистка, Зоран Кардула, дизајнер и активист, Бубо Каров, мултимедијален уметник, Катерина Колозова, универзитетска професорка и граѓанска активистка, и други. Тие, преку видео обраќања, Facebook статуси, со Facebook рамката „Гласај / Voto“, преку илустрации и на други креативни начини, ги повикуваат граѓаните на излезност, информира ЦИВИЛ.

Remote video URL

Преку иницијативата на ЦИВИЛ, граѓаните можат да се информираат за своите права и за сите најважни аспекти на изборниот процес, преку новата веб-страница „Гласај“, vote.civil.org.mk.

– Меѓу другото, на оваа веб-страница може да се најдат одговори на често поставуваните прашања: „Кога се изборите? За што гласаме? Што се случува на избирачкото место? Каде гласам? Дали ми треба документ за идентификација? Кого да контактирам во случај на нерегуларности? Колку е безбедно да се гласа? Како да се заштитам за време на гласањето?“ 'Гласај / Voto' е името на Facebook настанот на страницата на ЦИВИЛ, на која граѓаните можат да ја искажат својата поддршка за оваа важна граѓанска иницијатива, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе