Гласањето на болните, немоќните, лицата со COVID-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем

Во тек е гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со COVID-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица, кое, како што информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на денешната прес-конференција, тече без проблем.

– Со право на глас на овие избори во избирачкиот список се запишани 1.824.863 лица. Денеска, пред денот на изборите, своето право на глас можат да го остварат вкупно 10.653 гласачи. На гласачките места во 13-те поправно казнени установи, можат да го остварат 1.899 гласачи. Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето тече без проблем, наведе претседателот на ДИК.

Тој додаде дека во текот на денот, своето гласачко право во единствениот Центар за внатрешно раселени лица ќе може да го остварат и шест гласачи кои се водат како внатрешно раселени лица.

– Во установите за вонсемејно згрижување, своето право на глас можат да го остварат вкупно 351 гласач. Во текот на денешниот ден, избирачките одбори во државата ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни и немоќни или во куќен притвор. Од општинските изборни комисии кои доставиле известување со соодветна документација во своите домови гласачкото право ќе го остварат 7 921 граѓанин кои се пријавиле за гласање, посочи Даштевски.

Тој истакна дека во своите домови ќе гласаат 476 лица, кои се во домашен карантин или им е определена мерка самоизолација поради COVID-19. Ова гласање, додаде тој, ќе го спроведат посебни избирачки одбори составени од медицински персонал и лица номинирани од политичките партии.

– Постои изразен интерес за набљудување на овие избори од страна на домашни и странски организации и медиуми. ДИК издаде акредитација за набљудување на 1247 набљудувачи од кои 870 се домашни, 367 странски и 10 странски новинари, нагласи Даштевски.

На новинарско прашање околу информацијата на ЦИВИЛ дека недостигаат околу 40 лица на Избирачкиот список во казнено-поправните установи и дека избирачкото место во КПУ Идризово било отворено со задоцнување, претседателот на ДИК одговори дека Комисијата е најкомпетентно тело и оти немаат добиено таква информација.

– Јас ви ги кажувам официјалните податоци што ги имаме ние како ДИК, сметам дека ДИК е најкомпетентното тело, ако имаше таква информација ќе ви кажев, сметам дека не е точна таа информација, одговори Даштевски. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе