Главниот штаб за управување со кризи денеска ќе одржи седница

Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледан планот на Министерството за здравство кои објекти треба да се обезбедуваат.

Како што изјави за МИА в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, Армијата при обезбедувањето само ќе ѝ асистира на полицијата и ќе биде на своите позиции без оружје.

-Ние веќе добивме од Министерството за здравство план на објекти кои треба да се обезбедуваат. Ќе го разгледаме и ќе го дадеме на МВР да го операционализира. Ќе побараме од соодветните служби на Министерството за внатрешни работи, во делот на обезбедување да изготват план – дали се прифаќаат сите точки, дали е доволно покривање во една смена или 24 часа. Врз основа на тоа, ќе предвидат луѓе кога би ротирале во три смени. Тогаш ние ќе ја имаме вистинската слика, објасни Ангелов.

Акцискиот план, потсети, сè уште не е поминат и одобрен од Управувачкиот комитет, затоа не може да се процесуира, а треба да помине и на Влада.

-Тоа не значи никакво пролонгирање. Но, Владата носи конечна одлука и врз основа на тоа, како и врз основа на закон и подзаконски акти претседателот ќе нареди употреба на Армијата, но без оружје. Армијата само ќе ѝ асистира на полицијата и не смее самостојно да презема дејствија без полициски службеник со полциски овластувања. Армијата служи за обезбедување на стратешките објекти, на здравствените објекти и магацините од делот на здравството кои имаат лекови, опрема и други медицински материјал, ќе му биде поддршка на здравството да може да функционира безбедно. Сакаме да превенираме за сите да се чувствуваат безбедно, и пациентите и докторите и медицинскиот персонал, воопшто сите граѓани, објасни в.д. директорот на ЦУК. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе