Главоболка после јадење може да биде симптом за една многу тешка болест

Главоболката може да биде последица на несоница, глад, стрес, прекумерна топлина и може да укажува на многу опасни болести како што е дијабетесот.

Постпрандијалните главоболки може да укажуваат на дијабетес, алергии и реакции на токсични материи. Кога дијабетесот и другите проблеми во работата на панкреасот се во позадина на овој симптом, тогаш доаѓа до нарушување во лачењето на инсулин за време на оброците, се јавува хипергликемија или хипогликемија.

„Ова води до енергетско ‘изгладнување’ на мозокот, што тој го сигнализира со главоболка“, објаснуваат ендокринолозите.

Според лекарите од Клиниката Мајо, причина за болката може да биде и составот на храната.

„Главоболките можат да настанат поради алергиски реакции на одредена храна. Исто така, мозокот може да реагира со болка на зголемување на токсичните материи во крвта, кои денес се наоѓаат во зголемени количини во храната“, велат лекарите.

Покрај овој симптом, постојат и други навидум безопасни знаци кои можат да укажуваат на дијабетес, како што се слабост во рацете и нозете, екстремна жед и други.

Дијабетесот се смета за едно од најчестите ендокрини заболувања во современиот живот. Како што болеста напредува, во органите на пациентот се создаваат неповратни промени, а најчесто се засегнати васкуларниот и нервниот систем, бубрезите, како и мрежницата. Со текот на времето, дијабетесот може да го оштети срцето, крвните садови, бубрезите, очите и нервите.

Ова се најчестите последици од дијабетесот:

- Возрасните со дијабетес имаат два до три пати поголем ризик од срцев и мозочен удар.

- Во комбинација со намален проток на крв и невропатија (оштетување на нервите), ја зголемува веројатноста за појава на улцерации, инфекции на стапалата и можната потреба од ампутација.

- Дијабетичната ретинопатија е важна причина за слепило и се јавува како последица на долготрајно акумулирање на оштетување на малите крвни садови на мрежницата. Статистички, 2,6 отсто од вкупниот број слепи лица се поради дијабетес.

- Дијабетесот е една од водечките причини за откажување на бубрезите.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Здравје

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Read more

Лекарите открија скриен ран знак на замастен црн дроб

Read more

Како да препознаете дека на организмот му недостасува вода?

Read more

Витамини и минерали што не треба да се земаат заедно

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе