Гледајте го „The Trial of the Chicago 7“ бесплатно на YouTube
Филмот „The Trial of the Chicago 7“ е достапен бесплатно на YouTube од денеска до 21 февруари, по повод одбележувањето на 51. годишнина од историското судење во Чикаго.
Во филмот се зборува за судската драма и големиот случај во американската историја. Филмот ќе биде достапен до полноќ 21 февруари, а тогаш ќе биде заклучен.