Глумците пеат на сцената на МНТ

На 8 април, со почеток во 20:30 часот, на сцената на Македонскиот народен театар ќе се спојат музиката и театарот, во уникатното шоу „Глумците пеат“. Организаторите најавуваат вечер исполнета со хумор, енергија и незаборавни изведби, а публиката ќе има можност да ужива во музички точки кои носат дух на едно гламурозно време.

На „Глумците пеат“ ќе настапат триесетина врвни актери од сите генерации, придружувани од биг-бенд составен од извонредни музичари. Режијата е на Дејан Пројковски, музичките аранжмани на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.

„Годинава сме инспирирани од филмската уметност и ќе ја исполниме сцената со ритам, страст и хумор, но детали ќе откриеме наскоро. 'Глумците пеат' е единствена независна продукција од ваков обем, каде сè почнува од празен лист хартија и сѐ се создава од нула. Се осмислува тема, се пишува сценарио, се подготвуваат аранжмани, и внимателно се избираат актерите и соработниците. Ова е продукција што бара темелна и прецизна подготовка“, изјави организаторот.

Творец на шоуто „Глумците пеат“ е починатиот актер Марин Бабиќ, кој заедно со своите колеги во 1992 година сакал да покаже дека глумците, покрај тоа што глумат, знаат и одлично да пеат. Ова шоу се прави во чест на Светскиот ден на театарот, празник кој ги слави креативноста, слободниот дух и заедништвото помеѓу глумците.

Картите за овој единствен настан можат да се набават на билетарницата на МНТ и онлајн преку официјалната веб-страница на театарот. Местата се ограничени, па организаторите препорачуваат публиката навреме да ги обезбеди своите карти.

Тагови
реклама

Култура

Национална библиотека: Донесете стари ракописи, ретки и старопечатени книги

Read more

Почина актерот Кирил Поп Христов-Кили

Read more

Иван Шопов со Зентрифуга е македонски кандидат за Европската награда за литература за 2026 година

Read more

Вечер посветена на Тоше во Битола: Засекогаш во срцата по осми пат

Read more
 

Вести

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Читај повеќе

По натпревар во Кисела Вода нападнати двајца фудбалски судии

Читај повеќе

Иран му порача на Зеленски: Киев ќе ги сноси последиците ако се вклучи во војната со Иран

Читај повеќе

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите законски решенија за цените на горивата

Читај повеќе

Трамп и Нетанјаху оставени сами: Сојузниците го отфрлаат конфликтот со Иран, велат „ова не е наша војна“

Читај повеќе

1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Читај повеќе

Што добива Западен Балкан од новата стратегија на ЕУ?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Приведен возач без возачка дозвола и со 1,64 промили алкохол во крвта

Читај повеќе