Го оставивте автомобилот на сонце?

Со доаѓањето на летните горештини и дневни температури од 40°C, автомобилите може да станат жешки како рерна, особено ако стојат на сонце.

Еве како да го одржувате автомобилот ладен, особено ако немате клима уред.

Исчистете

Топлината може трајно да ги оштети ЦД-ата, електронските уреди и мобилните телефони, музичките плеери, играчките. Доколку ретко користите одредени работи во автомобилот, оставете ги дома, а потребните чувајте ги во багажникот.

Паркирајте под сенка

Со паркирање под дрво, ризикувате да добиете нечистотија или птичји измет на покривот или прозорците, но барем тоа ќе биде попријатно и поподносливо. Ако нема сенка „ни за лек“, оставете го автомобилот така што сонцето директно ќе удри во задното стакло, никогаш во шофершајбната. Ова ќе избегне екстремно загревање на предните седишта и на воланот.

Заштита за шофершајбната

Со заштитна фолија за ветробранското стакло ќе ја заштитите внатрешноста на возилото од најсилните сончеви зраци. Топлината нема да исчезне, но дефинитивно ќе биде се поподнослива. Покрај тоа, овие фолии придонесуваат за побрзо ладење на автомобилот откако ќе се вклучи климата.

Заштита на страничните прозорци

Овие „уреди“ одлично ги штитат задните седишта и децата од топлината. Успеваат и до некаде да ја намалат температурата. За жал, само полуксузните автомобили имаат заштитни „ролетни“ во стандардната опрема.

Кожени седишта

Кожените седишта и воланот можат да станат толку жешки што да предизвикаат сериозни изгореници. За да го избегнете ова, треба да ставите крпи или некој заштитен материјал на седиштата. Тоа е она што ќе го спречи првиот контакт со жешките седишта.

Ќе ја ублажите топлината на воланот така што ќе истурите малку вода на парче ткаенина и ќе го избришете воланот. Исто така, добро е да имате шише со распрскувач полно со вода. Иако водата може веднаш да испари, таа директно ќе ја намали високата температура. По само неколку прскања, воланот, менувачот и металните делови ќе се вратат на нормална температура.

Внимателно со појасите

Иако звучи банално, металните токи на безбедносните појаси можат да се загреат до крајност, толку многу што можат да предизвикаат изгореници. Затоа, треба да се внимава при носење појаси, особено за децата. И во овој случај ќе помогне прскањето со вода или бришењето на затворачите со влажна крпа неколку пати по ред.

реклама

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе