Го „уби“ Куман со поглед - младиот Пуиг ги освои фановите на Барса

Погледот на младиот играч од средниот ред на Барселона, Рики Пуиг (22) кон тренерот на Блауграна, Роналд Куман, за време на натпреварот против Кадис брзо се прошири на интернет и за многу краток временски период стана популарен на сите социјални мрежи.

Пуиг беше на милост и немилост на холандскиот стручњак, исто како и Пјаниќ, и иако е дете на клубот и еден од најголемите таленти во последните години, тој ретко добива шанса да игра, па пред синоќешниот натпревар, имаше само 17 минути оваа сезона.

Ситуацијата од натпреварот против Кадис ја покажува врската помеѓу двајцата, а во еден момент камерата го прикажа Куман како оди кон своите резервни играчи на клупата, воопшто не гледајќи во Пуиг, кој истовремено му упати „убиствен“ поглед.

URL

На крајот, Куман на загревање го испрати само Серхи Роберто, на социјалните мрежи имаше голема поддршка за Пуиг, со коментари дека неговиот став всушност најдобро ги отсликува сите навивачи на Барселона и нивното мислење за Куман.

URL

Младиот Пуиг доби шанса во второто полувреме и ги мина последните 15 минути на теренот вклучувајќи го судиското надополнување, но не успеа да направи ништо повеќе и неговиот тим освои само еден бод.

URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе