Ѓоковиќ доби моќен спонзор: Ќе лета на крилјата на Qatar Airways

Според принципот дека успешните ги сакаат успешните, најдобриот тенисер во светот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одамна е магнет за спонзори од различни профили, бидејќи неговиот лик и дело се препознатливи насекаде низ планетава, па така и Qatar Airways го избра за свој глобален амбасадор.

Познатата арапска авиокомпанија веќе е доволно успешна во својот бизнис, но нејзиниот менаџмент процени дека профитот би можел да биде уште поголем доколку нивните услуги во иднина редовно ги користи победникот на рекордни 24 Грен слемови и сопственикот на сите најважните рекорди во историјата на „белиот спорт“.

„За мене е големо задоволство и чест да соработувам со Qatar Airways, компанија која високо ја ценам, не само поради нејзиниот беспрекорен однос кон клиентите и вработените, туку и затоа што ја препознава важноста на благосостојбата и долговечноста, што е и моја голема страст. Верувам дека заедно ќе го подобриме веќе наградуваното корисничко искуство ширум светот и ќе го подигнеме на уште повисоко ниво. Благодарен сум што Qatar Airways ќе ми биде партнер на сите патувања, без разлика дали се поврзани со професионални спортови, семејни моменти или деловни обврски“, рече Ѓоковиќ по повод повеќегодишната соработка.

Неколку дена откако го донесе Енди Мареј во својот тренерски тим, во пресрет на подготовките за новата сезона и атакот на трофеи, затоа што не попушта во намерата да ги помести личните и спортските граници. Мотивиран да го надополни изгубеното во 2024 година, бидејќи пред и по исполнувањето на својот животен сон, со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз, не учествуваше на ниту еден АТП турнир.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Read more

Како да исчистите бели патики без перење во машина? 

Read more

Тенис

Унгарската тенисерка која добиваше смртни закани отвори профил на OnlyFans

Read more

Синер сруши рекорд на Ѓоковиќ стар 10 години

Read more

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Мајами

Read more

Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина

Read more
 

Спорт

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсеј го смени препознатливото лого, навивачите гневни

Читај повеќе
  • filter

Невиден подвиг: Има клуб кој штотуку стигна до својата 100-та последователна победа

Читај повеќе

Донарума проговори за прв пат по Зеница: Ме повредија лагите што излегоа во јавност

Читај повеќе