АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2023

Ѓоковиќ го декласираше Пол и закажа финале со Циципас

Филип Здравески
/ 27.01.2023 / 12:20

Многу полесно од очекувањата Новак Ѓоковиќ ја реши полуфиналната пресметка со Американецот Томи Пол и се избори за ново финале на првиот Грен слен во календарот.

Американскиот тенисер, кој е рангиран на 35. место на АТП, даваше отпор само во првиот сет кога по водството на Ѓоковиќ од 5-1 успеа да се врати во игра израмнувајќи на 5-5. Сепак, Србинот го доби првиот сет со 7-5.

Потоа деветкратниот освојувач на Австралија опен буквално го растури американскиот тенисер во наредните два сета, кои ги доби со 6-1 и 6-2, и со убедливи 3:0 се пласираше во финалето.

URL

Во големото финале од утринава чека Гркот Стефанос Циципас кој по три и пол часовна игра со 3:1 го совлада Русинот Карен Хачанов. Новак во своето десетто финале влегува со перфектен скор - досега нема пораз во финале на Австралија опен. Циципас, кој е 11 години помлад од Ѓоковиќ, досега нема освоено Грен слем турнир, а ова ќе му биде само второ финале откако во 2021 играше за пехарот на Ролан-Гарос кога загуби од, погодувате, Новак Ѓоковиќ.

Remote video URL

Финалниот натпревар во Мелбурн е закажан за в недела од 9:30 часот по македонско време. Циципас е трет на АТП, додека Ѓоковиќ е четврти.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Тенис

Ѓоковиќ: Штета, но не се каам што не можев да играм во САД

Read more

Мартина Навратилова го победи ракот на грлото и дојката

Read more

Надал првпат по 18 години не е меѓу првите десет тенисери во светот

Read more

Алкарас со триумф во Индијан Велс ќе се врати на врвот на АТП листата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ветеранот Миура се врати во Европа - како изгледа играње фудбал на 55 години?

Читај повеќе

Пролет е сензацијата во ракометниот Куп на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Кејн стана најдобар стрелец во историјата на Англија

Читај повеќе

Шок во Минхен: Баерн го отпушти Нагелсман и го ангажира Тухел

Читај повеќе

Елмас: Најважно е што победивме

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трипл-дабл во кариерата за Инграм, со совршена игра испиша историја

Читај повеќе

Дибала ќе го тужи Јувентус за повеќе од 50 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси игра мал фудбал во новата хит реклама

Читај повеќе

Барди: Многу е важно да почнеме со победа

Читај повеќе