Ѓоковиќ го губи првото место поради одлуката на ATP

ATP и WTA Tour одлучија да не ги бројат освоените бодови на Вимблдон оваа сезона како одговор на одлуката на најпрестижниот тениски турнир во светот да го забрани доаѓањето на руски и белоруски тенисери оваа година.

Уште во април, Вимблдон објави дека нема да дозволи настап на руски и белоруски тенисери поради руската инвазија на Украина помогната од Белорусија. Британската влада се обиде да ја смени одлуката на организаторите, но залудно.

„Сметаме дека секој тенисер мора да има право да учествува на турнирот без таква дискриминација. Одлуката на турнирот за забрана на руските и белоруските тенисери го нарушува интегритетот на системот за бодување на ATP. ​​Жал ни е, но единствениот чекор што можевме да го направиме беше да се укинат бодовите на овогодинешниот Вимблдон“, стои во официјалното соопштение на ATP.

Пад на Ѓоковиќ на третото место

Најпогоден од ваквата одлука на ATP беше Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер и бранител на титулата на Вимблдон. Ѓоковиќ на тој начин ќе остане без можност за одбрана на 2.000 поени. Неговите први придружници Русинот Даниил Медведев и Германецот Александар Зверев минатата година во Лондон освоија по 180 поени, па сигурно е дека Ѓоковиќ го губи првото место.

Доколку веднаш би се одзеле бодовите од Вимблдон, Медведев, кој годинава нема право на настап во Лондон, би имал 7.800 бодови, Зверев 6.895, а Ѓоковиќ би бил трет со 6.660 бодови. Петтопласираниот Рафаел Надал не ни играше на Вимблдон минатата година, така што нема да загуби ништо.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе