Новак Ѓоковиќ нема да игра за репрезентацијата на Србија на Дејвис купот во Валенсија, откри тренерот Виктор Троицки за Sports Journal.

Планирано беше Ѓоковиќ да ѝ помогне на репрезентацијата да се пласира на завршниот турнир, но дојде до промена на планот.
„Ноле нема да игра од лични причини. Беше безброј пати во репрезентацијата, но сега не може“, изјави Троицки за Sportski žurnal и додаде:
„Во прашање е негова лична работа. Овој пат е спречен да игра, но ќе ни се придружи во Малага доколку се пласираме на завршниот турнир“.
Србија против Канада, Шпанија и Јужна Кореја ќе ја претставуваат Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ, Ласло Ѓере и Никола Чачиќ.