Ѓоковиќ: Како што Коби велеше - ги мразат само најдобрите

Новак Ѓоковиќ изјави дека не е изненаден што повеќето негативни коментари на социјалните мрежи се за него.

За време на Ролан Гарос организаторите преку апликацијата Bodyguard решија да им овозможат на играчите заштита од навредливи содржини со постојано следење и отстранување на навреди.

Според истражувањето на World Sports Network, секој петти твит што некој го пишува за Новак Ѓоковиќ е негативен. Новак често го нарекуваат „себичен“, додека некои „се надеваат дека никогаш повеќе нема да освои грен слем трофеј“.

„Дали тоа те чуди?“, на што Новак одговори контрапрашање: „Искрено, би бил изненаден да беше поинаку. Знаете како велеше Коби Брајант: 'Супер е кога некој те мрази, затоа што не се мразат добрите, туку најдобрите'. Не мразам никого, така ги воспитувам моите деца. Омразата е ужасна емоција“.

Ѓоковиќ истакнува дека не заслужува некој да го мрази.

„Не би променил ништо во мојот живот, секогаш правев сѐ најдобро што можев во дадениот момент. Направив многу грешки, но барем бев автентичен. Сто пати повеќе би сакал да бидам свој отколку да одам заедно со системот, кој се чини дека е популарен овие денови“.

Во второто коло на Ролан Гарос, Ѓоковиќ во среда се среќава со Мартин Фучович, Унгарецот кого го победи на сите четири претходни средби.

„Многу физички силен и фит тенисер, комплетен, одличен повратник, солиден на двете страни. Нема многу дупки во неговата игра. Игра доста чисто, многу е сестран, може да игра на многу високо ниво и тоа го докажа во текот на кариерата“, заклучува Новак.

реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Тенис

Бартоли: Ѓоковиќ да беше Американец ќе имаше споменик во секој град

Read more

Сведоштво на француска тенисерка: Тренерот ме силуваше 400 пати за две години

Read more

Новак: Не ми недостасуваат Надал и Федерер

Read more

Шок во светот на тенисот: Донеодамна најдобрата тенисерка суспендирана 4 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе