Ѓоковиќ оптимист пред полуфиналето со Надал

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ги сподели своите очекувања пред претстојното полуфинале на Ролан Гарос против 13-кратниот победник на Францускиот опен, Рафаел Надал.

– Ова е сосема уникатен натпревар. Искрено, нема потежок тест од средбата со Надал на земја, во последните фази на Грен слемот, на теренот, каде што постигна голем успех. Секако, на секој наш натпревар има посебна напнатост, дополнителни очекувања. Кога ќе излезете со него на терен, расположението е сосема поинакво. Но, затоа нашето ривалство се покажа како историско, вели Ѓоковиќ.

Србинот истакна дека Надал му е главен ривал во кариерата, а од конфронтацијата со него тој само станува посилен.

-Борбата со Рафа и Роџер ме направи посилен, ми овозможи да разберам каде треба да се подобрам за да го достигнам нивото на кое беа тие кога започнав да играм професионално. Претпоставувам дека ќе го наречам Рафа главен ривал во мојата кариера. Но, квалитетот на тенисот што го покажав во последните три или четири недели на земја – во Рим, Белград и тука – ги додава моите добри чувства. Јас сум сигурен во себе. Верувам дека можам да победам. Инаку не би бил тука. Ќе имаме голема битка, рече првиот светски рекет.

Ѓоковиќ и Надал ќе играат по 58-ти пат во кариерата. Меѓусебниот резултат е 29:28 во корист на Србинот, додека на Ролан Гарос води Шпанецот со 7:1.

реклама

Порно ѕвезда ги открива најголемите лаги за индустријата за возрасни

Read more

Нема бегање од летачката рака на законот: Дронот гледа сѐ

Read more

Страшно невреме во Италија, град уништи стотици автомобили

Read more

Сите очи во Токио денеска беа вперени во Русинката Ангелина

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го комплетира списокот со четвртфиналисти во Токио

Read more

Ѓоковиќ без проблеми се пласира во осминафиналето на Олимпијадата

Read more

ОИ: Првата светска тенисерка елиминирана уште на стартот

Read more

Ѓоковиќ лесно ја мина првата олимписка пречка

Read more
 

Спорт

Македонските јуниорки катастрофално поразени од Словенија

Читај повеќе

Утре е дочекот на олимпискиот херој, Дејан повика на заедничка прослава

Читај повеќе

Тренерите на Георгиевски се откажаа од наградатa, побараа да му биде доделена на Дејан

Читај повеќе

Ѓоковиќ го комплетира списокот со четвртфиналисти во Токио

Читај повеќе

Дејан Георгиевски награден со 1,8 милиони денари за среброто во Токио

Читај повеќе
  • play_arrow

Алегри уште е лут: Ако Бонучи сака капитенска лента, нека си купи

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипинка наградена со половина милион евра и нова куќа за освоениот златен медал

Читај повеќе

Георгиевски: Одлично е чувството да ја израдуваш македонската јавност

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сите очи во Токио денеска беа вперени во Русинката Ангелина

Читај повеќе