Ѓоковиќ повеќе не е најдобар: Синер е прв, Алкарас втор, а Ноле падна на 3. место

За првпат од септември 2023 година челната позиција на АТП листата не му припаѓа на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој поради повреда на коленото мораше да се повлече од овогодинешниот Ролан Гарос.

Ноле на овој турнир ја бранеше титулата освоена минатата година, а бидејќи не успеа да го зачува тронот падна на третата позиција на АТП каде моментално има 8.360 бодови.

Пред него се Италијанецот Јаник Синер со 9.525 бодови и второпласираниот Карлос Алкарас од Шпанија, кој триумфираше и на Отвореното првенство на Франција и сега има 8.580 бодови.

Четвртата позиција му припаѓа на финалистот на турнирот во Париз, Германецот Александер Зверев, а на петтото место на најновата АТП листа е рускиот тенисер Даниил Медведев.

Веднаш зад него е неговиот сонародник Андреј Рубљов, а потоа Норвежанецот Каспер Руд, Полјакот Хуберт Хуркач, Алекс де Минор од Австралија и Бугаринот Григор Димитров.

Прв надвор од топ 10 е Гркот Стефанос Циципас со 3.740 поени.

Што се однесува до македонските тенисери, на АТП листата моментално има само двајца. Калин Ивановски се искачи 4 места и сега е 414-ти со 112 поени, додека Горазд Србљак скокна 23 места до 1068. позиција со 11 поени.

реклама

Тенис

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Read more

Ѓоковиќ откри што би сакал да му пишува на надгробната плоча

Read more

Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино

Read more

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе