УС ОПЕН 2020

Ѓоковиќ се извини за инцидентот на УС Опен: Не ја удрив судијката намерно

УС Опен излезе со официјално соопштение и челниците на овој Грен слем турнир ги објаснија причините зошто Новак Ѓоковиќ е исфрлен од турнирот.

Тие објаснија дека најдобриот српски тенисер ќе биде исфрлен бидејќи ја удри линиската судијка со топче, дека ќе му бидат одземени сите поени што ги заработи на годинашниот турнир, како и бодовите што ги сообра. На судијката ѝ беше укажана лекарска помош.

„Согласно правилникот на Грен слемот за намерно или опасно удирање со топче или непромислено удирање на топчето на теренот или удирање на топчето со занемарување на последиците, судијата на УС Опен го дисквалификува Новак Ѓоковиќ од годинашниот турнир. Поради дисквалификацијата, Ѓоковиќ ќе ги изгуби поените што ги заработи на УС Опен и ќе биде казнет со парична сума во висина од таа што досега ја заработи на турнирот“, стои во соопштението од УС Опен.

Американските медиуми наведуваат дека Ѓоковиќ го молел главниот судија да ја промени одлуката и да не го дисквалификува од турнирот, но судијата наводно му рекол дека немал друг избор.

Ѓоковиќ по дебаклот се огласи на социјалните мрежи.

„Целата оваа ситуација прави да се чувствувам многу тажно и празно. Проверив како се чувствува линиската судијка и според информациите кои ги добив, таа се чувствува добро, фала му на Бога. Не можам да го откријам нејзиното име за да се зачува нејзината приватност. Многу ми е жал што ѝ нанесов таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно. Сакам ова непријатно искуство, дисквалификувањето од турнирот, да го претворам во важна животна лекција, за да продолжам да растам и да се развивам како човек, но и како тенисер. Се извинувам на организаторите на УС Опен. Многу сум благодарен на тимот и на семејството што ми даваат силна поддршка, како и на моите навивачи кои секогаш се со мене. Ви благодарам и жал ми е. Ова беше тежок ден за сите“, напиша Ѓоковиќ.

URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе