Ѓоковиќ во солзи: По десетти пат е шампион на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ во големото финале по 176 минути игра го совлада четвртиот играч во светот Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5).

Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека му нема рамен во светот на тенисот - ова беше негов десетти пехар во Мелбурн и 22. Грен слем во кариерата, со што се изедначи со ривалот Рафаел Надал.

Дополнително, Ѓоковиќ го престигна Надал по вкупниот број титули во кариерата, ова му беше 93-та, а во Мелбурн стигна до 28-та последователна победа.

Така ја продолжи неверојатната традиција - Ноле не знае за пораз во финалето во Род Лејвер Арената, има 10/10, а би се рекло и неговата игра беше на тоа ниво, за „десетка“.

URL

Така и повторно се врати на врвот на АТП листата. Циципас даде сè што можеше, но очигледно не беше доволно за шампион како Ѓоковиќ.

Од самиот старт на натпреварот Ѓоковиќ го наметна својот ритам на игра, за да се знае кој е кој на овој терен.

URL

Во тој воведен сет, кој траеше 36 минути, не му дозволи на Циципас ниту една брејк топка.

Новак стигна до брејк во четвртиот гем за 3:1, па лесно го обезбеди. Предноста на сервисот ја одржа до крајот и на тој начин поведе на натпреварот.

Циципас успеа да си ја среди играта во вториот сет, да биде поцврст на сервис, значително поагресивен, така што Ѓоковиќ имаше многу потешка задача да добие шанса за брејк.

Нервозата некако навлезе во играта на Новак, тој побара совет од Горан Иванишевиќ како да реагира на таа ненадејна промена на ритамот во играта на противникот.

Гркот беше подобар во одбраната, а Новак ниту еднаш не успеа да добие брејк шанса.

Во деветтиот гем, по грешка на Новак, Циципас доби шанса за брејк, тоа беше и сет топка, но со одлична форхенд паралела Новак успеа да ја неутрализира, а потоа да го добие гемот за 5:5.

Набрзо стигнаа до тај-брејкот во кој Новак имаше посмирени нерви, го доби тој дел од играта со 7:4 и стигна до големи 2-0 во сетови.

Тој втор сет го одиграа скоро 70 минути, имаше многу драма, но Новак уште еднаш покажа колку е стабилен на овој терен.

Новак замина на кратка пауза, а кога се врати заигра поагресивно.

Точно е дека Циципас веднаш доби брејк, но не вредеше, Ѓоковиќ веднаш одговори со иста мерка за 1:1.

Новак играше сè посигурно, го подигна ритамот, значително ги зголемуваше ударите, особено форхендот.

Сепак, ниту Циципас не се предаде лесно, одлично се држеше.

И уште еднаш стигнаа до тај-брејк. Ѓоковиќ лесно стигна до 5:0, за Гркот да дојде до 5:3, но набрзо сè беше готово, Новак ја искористи третата меч топка за 6:5.

Поплава од емоции го погоди Ѓоковиќ по победата, но и после сето она низ кое помина минатата година во Мелбурн, депортацијата и притисокот од западните медиуми.

Плачеше, целосно се скрши, а со него плачеше и цела Род Лејвер Арена.

URL
URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе