Голем интерес за кината на отворено во Скопје

По олабавувањето на рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот во земјава, кината на отворено понудија богата програма за љубителите на филмот.

Билетите, кои се бесплатни или по симболична цена, брзо се резервираат, и поради големиот интерес и поради ограничениот број, имајќи предвид дека публиката и на отворено седи на растојание од препорачаните метар и пол до два.

Летното кино на отворено во Кинотека, како дел од European Film Challenge, почна на 10 јули со проекцијата на македонскиот филм – добитник на престижната LUX Prize за најдобар европски филм за 2019 – “Господ постои, името ѝ е Петрунија“, во режија на Теона Стругар Митевска.

Кинотека на Северна Македонија од 17 до 27 јули ќе прикаже и циклус филмови со Чарли Чаплин под отворено небо.

Со  десет наслови  во овој исклучителен циклус - кој го опфаќа творештвото на Чаплин од неговите почетоци па сè до последните дела – Кинотеката ќе овозможи увид во најдоброто од златната ера на немиот филм, но и начинот со кој Шарло се справува со предизвикот на звучниот филм.

И Младинскиот културен центар во Скопје најави „Кино [на трева] во МКЦ“ на 17 и 18 јули.

На репертоар ќе бидат „Portrait of a Lady on Fire“ (2019) на 17 јули (петок) и „Everybody Knows“ (2018) на 18 јули (сабота).

Remote video URL

Од МКЦ нагласуваат дека Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита и замолуваат присутните да се придржуваат до нив.

Remote video URL

„Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, ве молиме грижете се за себе и другите. Придржувајте се до мерките и протоколите“, апелираат тие.

Бројот на места за седење е ограничен, а на проекциите може да се влезе само со бесплатни билети кои може да се набават преку bileti.mkc.mk.

Двете проекции почнуваат во 21 часот, а обезбеден е превод на македонски јазик.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе