Голем скок на цените на нафтата

На светските берзи минатата недела цената на нафтата порасна за речиси 4 отсто, по падот во претходните три недели, бидејќи се очекува раст на побарувачката за „црното злато“ во втората половина од годината.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 3,8 отсто, на 82,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,9 отсто, на 78,54 долари.

По три недели пад, цените значително пораснаа минатата недела бидејќи Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), како и американската инвестициска банка Goldman Sachs, очекуваат релативно силна побарувачка во втората половина од годината.

ОПЕК потврди дека очекува побарувачката да порасне за 2,25 милиони барели дневно оваа година, а Goldman Sachs предвидува солидна побарувачка во САД во текот на летото и пазарен дефицит во третиот квартал од 1,3 милиони барели дневно.

Американските власти малку ги подигнаа проценките за побарувачката, па очекуваат и дефицит во понудата барем до почетокот на зимата.

Сите овие проценки се засноваат на очекувањата дека растот на западните економии ќе се забрза, откако централните банки ќе ги намалат каматните стапки, што исто така треба да ја поттикне побарувачката за нафта.

Се очекува да зајакне и побарувачката на Кина, најголемиот увозник на нафта во светот, со оглед на тоа што тамошните власти со различни мерки се обидуваат да го забрзаат закрепнувањето на економијата.

Останува да видиме дали овие проценки ќе се остварат. Од друга страна, на побарувачката може негативно да влијае забавувањето на растот на американската светска економија.

Со оглед на тоа што инфлацијата во САД сè уште е далеку над целните нивоа на централната банка, претставници на ФЕД минатата недела изјавија дека очекуваат само едно намалување на каматните стапки оваа година, додека претходно очекуваа три намалувања.

Високите трошоци за задолжување во подолг временски период може да ја забават економската активност и побарувачката за енергетски производи.

Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, цените на нафтата се во плус во однос на почетокот на годината, на лондонскиот пазар речиси 8 отсто, а на американскиот околу 9,5 отсто.

Тагови
реклама

Кои пијалаци го замастуваат црниот дроб?

Read more

20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Трамп, Тајната служба го застрела

Read more

Кој е идеалниот крвен притисок кон кој треба да се стремиме?

Read more

Грција почна жестоко да казнува за прекршување правила на плажите

Read more

Бизнис

Цените на нафтата под 85 долари

Read more

Внимателно се тргува на Волстрит, никој не сака да ризикува

Read more

Паднаа цените на нафтата

Read more

Растат цените на нафтата

Read more
 

Вести

Девојка нападната од поранешниот дечко на работното место во Карпош

Читај повеќе

Скопјанец ја нападнал малолетната ќерка и психички ја малтретирал

Читај повеќе

Србинка со повреди забележана покрај автопатот кај Демир Капија, сопругот ја исфрлил од возилото

Читај повеќе

Да запрат прес-конференциите на отворено среде топлотниот бран, порача Синдикатот на новинарите

Читај повеќе

Aпасиев како нов претседател на Собраниската Анкетна комисија најави соработка со експертите и невладиниот сектор

Читај повеќе

Русите до Американците по нападот врз Трамп: Ова станува традиција

Читај повеќе

Екстремно десничарската Vox излезе од власта во пет клучни шпански региони

Читај повеќе
  • play_arrow

20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Трамп, Тајната служба го застрела

Читај повеќе
  • play_arrow

Обид за атентат врз Трамп, двајца мртви

Читај повеќе