Голем успех за Диџеј Ахмет на Унковски - во официјална конкуренција на Санденс!

„Диџеј Ахмет“, дебитантскиот долгометражен филм на сценаристот и режисер Георги М. Унковски, својата светска премиера ќе ја има на престижниот филмски фестивал Санденс 2025, како дел од натпреварувачката категорија на интернационалната филмска програма.

ЗА ФИЛМОТ

Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и само откривањето на еден тинејџер, поставена на динамична позадина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траеше 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и македонски јазик.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател на тон Павел Јан. Монтажата ја изработи Михал Раих, композитори се браќата Синкауз од Хрватска, а дизајнери на звук се Миросла Червена Чалупка и Лудвиг Бохадло.

Главните улоги во филмот ги играат Ариф Јакуп, Дора Акан Златанова, Агуш Агушев кои за прв пат се појавуваат на филмското платно и Аксел Мехмет. Во останатите улоги се: Селпин Керим, Атила Клинче, Елхаме Билал, Адем Карага, Хакан Даци, Метин Ибрахим, Јеткин Сезаир и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска, линиски продуцент Виктор Павловски. 

Диџеј Ахмет е копродукција помеѓу Синема Футура и Сектор филм од Македонија, Алтер Вижн и Аналог Вижн од Чешка, Бекрум продукција и Баш челик од Србија, 365 Филмс од Хрватска. Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.С. Македонија, Чешки филмски центар, Филмски центар Србија, Хрватскиот аудио визуелен центар, СЕЕ Синема Нетворк како и од европскиот филмски фонд Еуримаж. 

ИЗЈАВА НА РЕЖИСЕРОТ

„Премиерата на Санденс е неверојатна чест“, вели режисерот Георги М. Унковски. „'Диџеј Ахмет' е длабоко лична приказна за пронаоѓање на сопствениот глас во свет кој често го замолчува. Преку патувањето на Ахмет, се надевам дека ќе ја истакнам универзалната борба меѓу традицијата и самоизразувањето. Санденс е совршена платформа за да се сподели оваа приказна со светската публика“.

ЗА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ САНДЕНС

Филмскиот фестивал Санденс е еден од најпрестижните светски фестивали за независно кино. Познат по откривање на храбри нови гласови во филмската уметност, изданието за 2025 година ќе се одржи од 23 јануари до 2 февруари во Парк Сити, Јута. Од многу голем број на аплицирани филмови ширум светот, примени се околу 80тина. „Диџеј Ахмет“ на Унковски е меѓу десет филмови кои ќе се натпреваруваат во меѓународната програма. Годинешниот филмски фестивал Санденс ветува возбудливо издание со присуство на познати актери и режисери. Потврдени се учествата и на Оливија Колман, Џон Литгоу, Бенедикт Камбербач, Џенифер Лопес и Џош О’Конор кои ќе ги претстават своите најнови филмови. Фестивалот исто така ќе понуди разновидни панели и дискусии, зацврстувајќи ја својата позиција како врвна манифестација за промоција на најнови достигнувања од филмот. 

СИНЕМА ФУТУРА

Основана во 2013 година од Иван Унковски, е продукциска куќа посветена на оригинални гласови во киното. По успехот со краткометражниот филм Sticker, прикажан на Санденс во 2020, oва е второ учество на фестивалот во програмата со долгометражни филмови.

ЗА РЕЖИСЕРОТ:

Георги М. Унковски е роден 1988 година, во Њујорк. Студирал фотографија на Институтот за технологија во Рочестер, САД, а магистрирал режија на „ФАМУ“ во Прага, Чешка. Ова е негов прв долгометражен филм. Неговиот претходен краток филм својата премиера ја имаше исто на Санденс 2020, а потоа се прикажа на повеќе од 220 фестивали и повеќе стреаминг платформи како HBO, MUBI и CANAL+ и освои повеќе од 50 награди.

реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

МК сцена

Fiction – Автентична музичка фикција што допира до публиката и надвор од границите на нашата земја

Read more

Kонцерт на „Ѕвездите на Гранџот“ во Скопје

Read more

Голем успех за Диџеј Ахмет на Унковски - во официјална конкуренција на Санденс!

Read more

Стефан Спасов: Горан пишуваше за обичните луѓе, а тоа ќе го видите и во Замисли нов свет

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Почина Џон Сајкс, гитаристот на Whitesnake и Thin Lizzy

Читај повеќе

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Читај повеќе
  • play_arrow

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Читај повеќе
  • play_arrow

Деми Мур објасни како всушност се изговара нејзиното име

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix има нов хит: Шведската серија The Breakthrough ќе ве закова за фотелја

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Fiction – Автентична музичка фикција што допира до публиката и надвор од границите на нашата земја

Читај повеќе

Анистон откри како одржува совршена фигура во 50-тите: Ја следам методата 80/20

Читај повеќе

Џесика Алба се разведува по 17 години брак

Читај повеќе

Објавувањето на номинациите за Оскар одложено поради разорните пожари во Лос Анџелес

Читај повеќе