Голема промена од 6 јули: Кои системи ќе бидат задолжителни кај новите автомобили?

Најконтроверзен е таканаречениот систем ISA, или „интелигентно прилагодување на брзината“.

Од 6 јули годинава во сите нови модели на автомобили, камиони и автобуси што се продаваат во Европската Унија ќе бидат инсталирани голем број нови системи, односно ќе бидат задолжителни. Целта на регулативата на ЕУ е да ги направи автомобилите побезбедни.

Оваа година започнува преоден период во кој моделите претставени пред овој рок ќе имаат можност за адаптација, но од 2024 година сите нови автомобили ќе мора да бидат опремени со овие технологии.

Најконтроверзен е таканаречениот систем ISA (Intelligent Speed ​​Assistant). Ова е систем за помош на возачот кој предупредува на максималната дозволена брзина. Системот треба, следејќи ги знаците на патот или навигацијата, автоматски да ја намали моќноста на моторот, но и да овозможи претекнување, односно исклучување кога возачот ќе притисне на педалата за гас.

Иако системот може да се деактивира во менито на секое возило, тој повторно ќе биде активен секогаш кога возилото ќе се стартува. Како ќе функционира во пракса? Ќе видиме... Делот за дозволување и препознавање претекнување е особено предизвикувачки.

Дополнително, сите возила ќе бидат опремени со црна кутија или службен EDR. Овој систем, кој веќе е присутен во многу нови автомобили, ги чува податоците од неколку секунди пред несреќата.

Се снимаат информации за брзината, положбата на управување и дали автомобилот ги има вклучено фаровите. Засега до овие податоци можат да пристапат само владините агенции и производителите на автомобили, а не се достапни за осигурениците.

Многу независни експерти протестираа против поставувањето црни кутии бидејќи сметаат дека производителите на автомобили лобирале за нив поради нивните интереси.

Исто така, од 6 јули сите автомобили ќе бидат опремени со задни камери, автоматско итно сопирање, сензори за паркирање, системи за предупредување за напуштање лента, системи за предупредување за замор и подготовка за вградување на уреди Alcolock, т.е. систем кој може да се инсталира во возила на повеќекратни прекршители. Станува збор за возачи кои неколку пати возеле под дејство на алкохол и кои предизвикале сообраќајни незгоди. Alcolock не би им дозволил да возат доколку се под дејство на алкохол. Засега, уредите Alcolock ќе се третираат посебно во секое национално законодавство.

Конечно, комбињата, камионите и автобусите мора да бидат опремени со систем за следење на притисокот во гумите. Патничките автомобили ја имаат оваа функција од 2014 година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе