Големи немири во Источна Германија: Се судрија левичарите и полицијата

Покрај тоа што жителите на Лајпциг синоќа славеа дека клубот од овој град го освои Купот на Германија во фудбал, во овој град во Источна Германија синоќа имаше и големи нереди, поточно судир меѓу припадници на левичарските организации и полицијата.

Имено, попладнето во Лајпциг се собраа околу 1.500 членови на левичарски организации да го изразат своето незадоволство од тоа што судот во Германија ја осуди студентката Лина Е. на 5 години и 3 месеци затвор за учество во напади врз неонацисти.

Иако собирањето беше забрането, левичарите се собраа во Лајпциг, а како одминуваа часовите, така растеше и тензијата меѓу демонстрантите и полицијата.

Вечерта се забележани првите судири во кои учествуваа повеќе од 700 демонстранти.

„Запалени барикади, оштетени 17 амбулантни возила. Повредени се 23 полицајци“, соопштија службите во саботата попладне.

Немирите продолжија длабоко во ноќта, а според германските медиуми, во апсењето и спречувањето на натамошна ескалација на насилството учествувале 300 полицајци.

URL

„Полицијата мораше да опколи 300-400 демонстранти на плоштадот „Хајнрих-Шуц“. Третина од 1.500 демонстранти повикуваа на насилство. Ситуацијата беше крајно напната“, изјави полицискиот портпарол Олаф Хопе.

Половина час по полноќ, демонстрантите ја нападнаа и полициската станица Видебах и фрлаа со камења по неа.

„Ситуацијата беше ставена под контрола дури во 5 часот наутро. Полицијата идентификуваше повеќе од 300 учесници во немирите и ги утврди нивните лични податоци. Полицијата сѐ уште е на готовност и во моментов има 2.500 полицајци од неколку сојузни држави. Во градот, покрај полицајците, во акцијата учествуваа три хеликоптерски екипи и најмалку осум водени топови, оклопни возила за расчистување демонстрации и коњаничка ескадрила“, пишува Bild.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Свет

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Read more

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Read more

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Read more

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе