Голманот на Њукасл нема примено гол од 6 ноември

Голманот на Њукасл и англиски репрезентативец Ник Поуп синоќа ја продолжи неверојатната серија на натпревари без примен гол, стигнувајќи до 10, што претставува 901 минута активна игра или повеќе од 15 часа.

Во денешниот фудбал тоа изгледа невозможно, но голманот на Њукасл го прими последниот гол на 6 ноември, на натпреварот помеѓу Саутемптон и Њукасл (1:4).

Од тој момент поминаа 10 натпревари во кои Ник Поуп не примил гол. Во меѓувреме, Њукасл прими два гола во ФА Купот против Шефилд Венсдеј, но тренерот Еди Хау реши да го одмори Поуп, па Мартин Дубравка се најде меѓу стативите.

Серијата се „искачи“ на двоцифрена ноќеска во победата на Њукасл со 1:0 на гостувањето кај Саутемптон во полуфиналето на Лига купот. Со своите одбрани помогна да се дојде до победа во првиот полуфинален натпревар и да се стигне до финалниот натпревар.

URL

Во меѓувреме, неговиот соиграч Бруно Гимарајс тврди дека во моментов нема подобар голман во светот од Поуп.

„Мислам дека тој е најдобриот голман во светот во моментов“, изјави Гимарајс во присуство на својот колега од „Страчките“.

Колку му се посреќи на Њукасл што го има Поуп доволно говори и податокот дека минатата зима голманот беше платен само 10 милиони фунти, кога дојде од Барнли.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе