Голови и голови: Преглед на колото во првата и втората лига за мажи и за жени

Филип Здравески
/ 07.10.2024 / 19:20

Во пресрет на репрезентативната пауза на терените шурум Македонија имаше богата фудбалска програма изминатиов викенд во двете најдобри лиги, како и во оние за фудбалерките.

Од дуелот Македонија ЃП - Осогово; Фото: ФК Македонија ЃП Скопје

На шесте прволигашки натпревари беа постигнати само 13 голови, што во просек е 2,1666 голови по натпревар. Дури два натпревара завршија со најнепопуларниот резултат и тоа во Битола и Кратово, а најефикасно беше во Скопје каде Вардар беше немоќен против актуелниот шампион Струга каде публиката виде 5 гола, а еден помалку имаше од другата страна на градот, во Чаир.

9. коло резултати:

Стадион „Петар Милошевски“ во Битола
Пелистер - Тиквеш 0:0
Главен судија: Игор Стојчевки (Скопје)

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи – Брера Струмица 3:1 (2:1)
Голови: 7' Симон Јоуан Едмундсон, 21' Јумеми Канда, 73' Нуман Ајетовиќ - 43' Ѓорѓе Ивковиќ
Главен судија: Игор Иванов (Велес)

Стадион „Атиона Бојаџи“ во Охрид
Воска Спорт – Работнички 0:2 (0:1)
Голови: 40' Али Регба, 75' Адтхе Мазари
Главен судија: Димитар Пилешков (Штип)

Стадион „Борис Трајковски“ во Скопје
Гостивар – Беса 1976 1:1 (0:0)
Голови: 61' Иван Ивановски - 84' Емир Скендери
Главен судија: Влатко Илиоски (Прилеп)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје
Вардар – Струга 1:4 (1:2)
Голови: 28' Немања Босанчиќ - 3' Никола Влајковиќ, 42', 66' Басиру Компаоре, 74' Ланре Кехинде
Главен судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс – Шкендија 0:0
Црвен картон: 56' Александер Трумчи (Ш), 90'+2 Стефан Коцев (Ш)
Главен судија: Александар Ставрев (Скопје)

Хајлајтс од сите натпревари:
Remote video URL

Во втората  лига стандардно паднаа повеќе голови. На осумте натпревари беа постигнати вкупно 24 голови, или во просек точно 3 по натпревар. На дури половина од натпреварите имаше по 4 голови, а тие публиката ги виде во Велес, Струмица, Охрид и Гостивар. Најмалку, само еден гол видоа штипјани.

7. коло резултати:

Стадион „Градски“ во Гостивар
Арсими – Вардарски 3:0 (2:0)
Голови: 5′, 20′ Шефит Шефити, 64′ Шпенд Асани
Главен судија: Боби Величков (Велес)

Стадион „Градски“ во Радовиш
Дет. Плачковица – Вардар (Н) 1:1 (1:1)
Голови: 11′ Лука Трајкоски – 28′ (аг) Лука Трајкоски
Црвен картон: 90'+5 Мохамед Ахмедов (В)
Главен судија: Пларент Салихи (Тетово)

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница – Кожуф 1:0 (1:0)
Голови: 21′ Давид Стојков
Главен судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец – Скопје 2:2 (1:0)
Голови: 3′ Флорент Османи, 90′+3 Кристијан Јордановски – 49′ Мргим Дани, 88′ Иван Пашариковски
Црвен картон: Стефан Филиповски (Б), Гоце Јовчев (С) двајцата по крајот на натпреварот
Главен судија: Сашко Ристов (Струмица)

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП – Осогово 2:0 (1:0)
Голови: 14′ Ѓорѓи Стоилов, 78′ Симеон Христов
Главен судија: Ндерим Тефику (Куманово)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица – Саса 2:2 (2:1)
Голови: 12′ Кире Стојанов, 20′ Марио Дебрешлиоски – 44′ Андреј Симевски, 58′ Кристијан Чурлинов
Главен судија: Христијан Божиновски (Скопје)

Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Охрид Лихнидос – Новаци 3:1 (0:0)
Голови: 58′ Ерен Парталко, 63′ Оливер Дишлиевски, 85′ Димитриј Попоски – 48′ Христијан Торнески
Главен судија: Доне Ристовски (Гевгелија)

Стадион „Градски“ во Гостивар
Башкими 1947 – Победа 3:1 (3:1)
Голови: 7′ Меметриза Хамза, 17′ Хусеин Демири, 45′+2 Хебиб Саити – 22′ Никола Талески
Главен судија: Благојче Ралевски (Битола)

Хајлајтс од 5 натпревари:
Remote video URL

Кај фудбалерките на 4 натпревари се постигнаа 16 голови, односно точно 4 по натпревар. Најмногу, дури 9, имаше во кумановското село Речица, а најмалку во Македонска Каменица каде публиката виде само еден гол, но таму се играше дерби натпревар.

7. коло резултати:

Стадион „Тодорче Мандаровски“ во Пржино, Скопје
Истатов – Љуботен 0:3 (0:1)
Голови: 27' (п), 68' Хулиет Ингрид Исаса Видал, 59' Настасја Накова
Главен судија: Драган Стевановски (Велес)

Стадион „Градски“ во Македонска Каменица
Каменица Саса – Скопје 2014 1:0 (1:0)
Голови: 29' Антонина Шопска
Главен судија: Ангела Рајчевска (Скопје)

Стадион „Речица“ во Речица
Речица – Атлетико 2:7 (0:5)
Голови: 51', 56' Емили Митковска - 13' Емилија Петковска, 21' Анета Марковска, 30', 45'+1 Милица Мелиса Димитриоска, 30', 78' Слободанка Сара Димитриоска, 90'+1 (п) Симона Тасева
Главен судија: Вјолца Изеири (Гостивар)

Стадионот „Павел Шатев“ во Битола
Топ Гол – Ас Јунајтед 2:1 (1:1)
Голови: 2' Сара Стевановска, 82' Маргарита Талевска - 5' Улза Максути
Главен судија: Спире Арсов (Кочани)

Хајлајтс од мечот во Речица:
Remote video URL

Најбогато со голови беше во втората лига за жени каде на 4 натпревари беа постигнати дури 39 голови и за малку просекот ќе беше 10 по натпревар - вака математиката вели 9,75 по натпревар. 17 од нив паднаа во Велес каде гостинките од Кочани постигнаа дури 16, а 14 видоа валандовчани оти Вардар на нивната Победа ѝ даде 13.

4. коло резултати:

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец – Кочани 1:16 (1:10)
Голови: 11′ Александра Пешова – 4′, 21′, 26′, 28′, 31′, 33′, 38′, 55′, 61′, 71′, 88′ Афродита Салихи, 5′ (аг) Марија Будимова, 7′, 24′, 47′ Ангела Стојковска, 67′ Катерина Милеска
Главен судија: Николче Димовски (Велес)

Стадион „АМС“ во Валандово
Победа 16 – Вардар 1:13 (1:6)
Голови: 21′ Викторија Петкова – 3′, 27′, 38′ Теодора Јанковска, 7′, 35′, 47′, 49′ Мила Наумовска, 13′, 60′, 62′, 64′ Џенита Кицара, 72′ Елена Костадиноска , 80′ Миа Закев
Главен судија: Виолета Јанчева (Гевгелија)

Стадион „Градски“ во Македонски Брод
Порече – Плачковица 0:2 (0:0)
Голови: 50′ Марија Бојкова, 85′ Викторија Лазова
Главен судија: Бојан Попески (Прилеп)

Стадион „Лепенец“ во Бардовци, Скопје
Слободен – Билјанини Извори 0:6 (0:2)
Голови: 18′, 50′ Александра Алексиеска, 38′ Стефанија Ристова, 46′ Ивана Николоска, 63′, 66′ Марија Јулчовска
Главен судија: Бојан Божиновски (Скопје)

реклама
prostitute-pimping.jpg

Интересни факти за проституцијата што можеби не сте ги знаеле

Read more
Најсилниот тропски циклон се приближува кон Виетнам

Најсилниот тропски циклон се приближува кон Виетнам

Read more
„Casablanca“, 75 години од култниот холивудски класик

„Casablanca“, 75 години од култниот холивудски класик

Read more
Не ви пишуваат бившите, Facebook Messenger пак има проблеми

Не ви пишуваат бившите, Facebook Messenger пак има проблеми

Read more

Фудбал

Пионерите на Луцерн со 7:1 ги декласираа Алиша Леман и колешките, федерацијата се обиде да го скрие резултатот

Read more

Навивач на Џеноа го истетовира датумот на испаѓање на Сампдорија, сега е пишман

Read more

Зико: Секогаш кога не им оди, европските клубови се жалат на горештина и замор

Read more

Инфантино го брани Клупскиот мундијал: Конечно ќе знаеме кој е најдобар во светот

Read more
 

Спорт

Пионерите на Луцерн со 7:1 ги декласираа Алиша Леман и колешките, федерацијата се обиде да го скрие резултатот

Читај повеќе

Навивач на Џеноа го истетовира датумот на испаѓање на Сампдорија, сега е пишман

Читај повеќе

Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Зико: Секогаш кога не им оди, европските клубови се жалат на горештина и замор

Читај повеќе

Инфантино го брани Клупскиот мундијал: Конечно ќе знаеме кој е најдобар во светот

Читај повеќе

Луис Енрике ѝ наоѓа маани на тревата: Топката скока како да е зајак

Читај повеќе

Бостон Селтикс продадоа еден од клучните играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Палестинец е херој на Клупскиот мундијал: Со хет-трик го елиминира Порто

Читај повеќе

Кристал Палас сепак ќе игра во Лига Европа

Читај повеќе