Софтвер

Google ќе ги oбележува сајтовите кои бавно се вчитуваат

13. ноември 2019 - 15:38 | М.С.

Google експериментира со новата ознака која на пребарувачот Chrome ќе ги обележува сајтовите кои бавно се вчитуваат.

Тимот на Chrome објаснува дека во иднина пребарувачот ќе ги идентификува сајтовите кои бавно се вчитуваат и ќе ги oбележи со јасна ознака.

Ваквиот начин на oбележување може да биде во различни форми. Тимот прави експерименти за да ја пронајде онаа која е најдобра за корисниците.

Google ќе ги детектира сајтовите кои се дизајнирани за да бидат спори. Компанијата ќе ги анализира статистичките податоци за да востанови кои сајтови треба да имаат ваква ознака, а исто така размислува да воведе progress bar кој ќе свети зелено или црвено, во однос на брзината на сајтот.

Од Google велат дека на овој концепт работат со другите тимови кои се грижат за квалитетот на корисниците на интернет.

Плановите ќе ги најават на конференцијата Chrome Dev Summit која се одржува во Сан Франциско.

Коментирај