Google со емотивно видео ги повика луѓето да се вакцинираат
„Да се вратиме на нормалниот живот“ е пораката на новото видео на Google во кое ги информираат луѓето дека само со вакцинирање ќе ѝ ставиме крај на пандемијата.
Во 1-минутното видео се прикажува пребарување на различни зборови, како што се карантин, рестрикции и физичка дистанца.
Пораката на ова видео е јасна: за да го победиме вирусот и да се вратиме на нормалниот живот, потребно е што побргу да се вакцинираме.