Google воведува откривање измами со пораки со помош на вештачка интелигенција

Апликацијата Google Messages доби функција за вештачка интелигенција чија цел е да ги заштити корисниците на Android од измами базирани на текстуални пораки.

Новата алатка за откривање измами, напојувана со технологија за вештачка интелигенција, сега се справува со пораки кои првично изгледаат безопасни, но на крајот стануваат опасни за корисникот, се вели во блогпостот на Google.

„Доколку Google Messages се сомнева во измама, ќе добиете предупредување во реално време за да можете лесно да го блокирате и пријавите разговорот. Оваа функција може да ги заштити корисниците пред да изгубат пари или да откријат чувствителни информации“, објасни компанијата, додавајќи дека корисниците нема да мора да се грижат дали нивните разговори ќе бидат јавно изложени, бидејќи измамата ќе биде откриена на уредот.

Како пример, Google објави скриншот од можно сценарио за измама, покажувајќи дека корисникот добива порака од непознат број прашувајќи дали тоа е Мери. Кога корисникот ќе одговори не, испраќачот се претставува како финансиски советник кој тврди дека се обидува да дојде до клиентот со некои информации за инвестирање. Во овој момент, алатката за откривање измами се активира и прикажува скокачка порака која го предупредува корисникот дека пораките се „веројатно измама“ со дополнителна забелешка дека „вообичаените измами често започнуваат на овој начин“.

Google првично ќе ја лансира оваа функција на англиски јазик во САД, Обединетото Кралство и Канада, но има планови да ја прошири и во други земји.

Ова е уште еден обид на Google да ги заштити корисниците од измами. Функцијата е стандардно активна и ги следи разговорите со луѓе кои не се во списокот со контакти на корисникот. Сепак, се поставува прашањето што прави Google со информациите кои корисникот ги открива во сомнителните разговори. Еден разговор можеби не е доволен за да се соберат доволно информации за некоја личност, но неколку може да се искористат за да се создаде профил за корисникот.

Тагови
реклама

Софтвер

Сте се запрашале колку чини нашата благодарност кон четботовите?

Read more

OpenAI ги напаѓа Маск и Закерберг: Доаѓа ChatGPT социјална мрежа!?

Read more

Новите GPT-4.1 модели на вештачка интелигенција се фокусираат на програмирање

Read more

Microsoft подготвува нов дизајн на Start менито и ја отстранува болната точка

Read more
 

Гик

Sony откри како го подобрил ладењето на конзолата PlayStation 5 Pro

Читај повеќе

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Читај повеќе

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Читај повеќе

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Читај повеќе

Google блокирал пет милијарди реклами

Читај повеќе

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Читај повеќе

Што работи најмладата милијардерка во светот?

Читај повеќе

Сте се запрашале колку чини нашата благодарност кон четботовите?

Читај повеќе

Научници од САД тврдат дека откриле нова боја: Ја нарекоа оло

Читај повеќе