Ѓоргиев: Бугарските барања се апсолутно неприфатливи за нас, дијалогот да продолжи

Несомнено, политичката ситуација по бугарското вето ќе влијае на работата на Заедничката историска комисија, но, сепак, сметам дека таа треба да продолжи да работи. Надминување на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог, преку разговори, рече копретседавачот на македонскиот тим проф. Драги Ѓоргиев во интервју за „Слободна зона“ на бугарската телевизија Европа.

Тој најави дека следниот состанок на заеднилката комисија треба да се случи на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.

– После блокадата од страна на Бугарија, овде се интензивираа негативните коментари за тоа. Веќе има притисок врз комисијата да ги прекине преговорите. Јавноста е и разочарана, но и бесна поради овој потег на Бугарија. Несомнено, тој притисок од јавноста се пренесува и врз членовите на комисијата. Се разбира, политички досега од ниту еден фактор не сме имале притисок, но од медиумите и јавноста е навистина голем. Се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на работата на комисијата, додаде Ѓоргиев.

Тој објаснува дека притисокот не е насочен само кон прекинување на работата на комисијата.

– Барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонија и македонската јавност. Покрај тоа, тоа предизвикува радикалите да се обидат да ја зголемат недовербата кон Бугарија, што ќе влијае на членовите на македонската страна на комисијата. Во овој момент, во ваква атмосфера ќе биде многу потешко да се разговара, коментира Ѓоргиев.

Терминот „заедничка историја“, посочува, е нешто со што македонските и бугарските историчари не се согласуваат во толкувањето.

– Според бугарската страна, историјата до 1944 година се однесува само на еден народ – Бугарите. Ова за нас е апсолутно неприфатливо бидејќи процесот на формирањето на современата македонската нација е нешто што е почнато порано и за тоа можеме да најдеме документи и личности кои се залагале за тоа. Не можеме да кажеме дека до 1944 година историјата е само на бугарскиот народ, ние исто така имаме своја историја, свои личности, култура што ни овозможува да ги бараме своите корени назад и ние имаме право на тоа и никој не може да ни ги одземе.Јас исто така не се согласувам со тоа, рече Ѓоргиев.

Според него, историскиот спор треба да продолжи да се дебатира на ниво на историчари, на академско ниво, и може и понатаму да остане нерешен и двете историографии да се расправаат за тоа, но тој не треба да влијае на политичките односи меѓу двете земји и да ги скара двата народа.

– Ние можеме да најдеме заеднички јазик. Нашата приказна е многу испреплетена, имаме многу заедничко и затоа барањето да се прифати само една нарација за одредено минато, само една вистина, не е најдобриот пат ние да се разбереме, рече копретседавачот на македонскиот тим од заедничката комисија за историски прашања.

Ѓоргиев потврди дека личноста на Гоце Делчев ќе продолжи да предизвикува полемики меѓу историчарите од обете страни, но вели дека Делчев покрај влијанието на неговиот светоглед од бугарскиот образовен контекст во кој се развива и идеите на бугарските револуционери, има и силен македонски политички идентитет.

– Тој е роден во Македонија, се бори за Македонија. Има силен македонски политички идентитет и сето тоа не може да го запоставиме. Затоа сметам дека во овој момент треба да бидеме флексибилни и умни, да го оставиме на страна прашањето чиј е Гоце Делчев. Тој  е силно вграден во меморијата и на бугарскиот и на македонскиот народ. Според тоа, можеме да го сметаме за херој кој може заеднички да го славиме и тука треба да најдеме решение, а дискусиите ќе продолжат понатаму, вели Ѓоргиев нагласувајќи дека не е работа на комисијата да донесе одлука за неговиот идентитет.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе