Ѓорѓиевски: Владата да ги одземе ингеренциите на Град Скопје за Комунална хигиена и Паркови и зеленило

Денес, на иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во просториите на Општина Кисела Вода се одржа координатива средба со скопските градоначалници, на кои се дискутираа актуелните проблеми со кои се соочуваат жителите на Скопје. Соочени и загрижени поради нефункционалноста на јавните претпријатија, кои се под надлежност на Град Скопје, едногласно донесоа одлука да се предложи до Владата и Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.

„Ние имаме чести средби со моите колеги градоначалници, на кои ги евидентираме проблемите и предизвиците со кои се соочуваме и заеднички бараме решенија. Денешната координативна средба ја иницирав токму поради вакви многубројни наталожени проблеми, со кои се соочува главниот град и она што како приоритетно сите го издвоивме е нашето незадоволство и загриженоста за состојбата со јавните претприја ‘Комунална хигиена’ и ‘Паркови и зеленило’. Негрижата и неработењето на овие претпријатија резултираа со преполни контејнери, наталожен отпад насекаде и создадени депонии низ главниот град на државата. Во услови на летни температури од над 40 степени ова повеќе не е само естетски проблем туку претставува сериозна закана за здравјето и животот на нашите сограѓани. Преплавени сме од поплаки, од барања ние да направиме нешто кога веќе Градот Скопје не се грижи. И верувајте, нашата борба трае веќе долго. Нема да говорам за константните јавувања, дописи до ЈП ‘Комунална хигиена’ и до ЈП ‘Паркови и зеленило’ и до нивната шефица, градоначалничката Данела Арсовска. Ќе потсетам дека во повеќе наврати се самоорганизираме за чистење, што верувајте не е едноставно бидејќи немаме механизација, ниту човечки ресурси, а најиронично во целата ситуација е тоа што моравме да водиме и војна со градоначалничката Данела Арсовска која, замислете, минатото лето, не ни дозволи да го фрлиме собраниот отпад во Дрисла. Значи не само што јавното претпријатие во нејзина надлежност не си ја работеше работата, туку и нѐ попречуваше нас да си ги исчистиме општините и да ги заштитиме нашите граѓани од зарази“, рече Ѓорѓиевски.

„Пред неколку седмици, јас, како градоначалник на Општина Кисела Вода и неколку други градоначалници од Скопје поднесовме прекршочни пријави против ЈП ‘Комунална хигиена’. Меѓутоа, очигледно и тоа не допира до нив бидејќи градот сѐ уште тоне во ѓубре и смрдеа. Сите сме согласни дека се потребни подрастични мерки.

Оттука, денес, едногласно одлучивме да побараме одземање на ингеренциите на ЈП ‘Комунална хигиена’ и JП ‘Паркови и зеленило’ од Град Скопје и нивно предавање на централната власт, односно на Владата. Предлогот, кој го поддржаа сите градоначалници, е назначување на владин претставник кој ќе ги управува претпријатијата, а потоа и целосно трансформирање на истите. Вработените и механизацијата да бидат распределени на општините, кои сами ќе се грижат за хигиената во своите заедници.

Не смееме да дозволиме вакво неодговорно однесување, ниту од страна на раководството на Град Скопје, ниту од ‘Комунална хигиена’. Градот Скопје не е полигон за детска игра каде што некој ќе тера инает и ќе ги казнува скопјани од само нему познати причини.

Повеќе не нѐ интересира дали се работи за некадарност, мрзеливост, неспособност или што и да е причината што нашата метропола е доведена во алармантна состојба. Нашите граѓани плаќаат за услуга што не ја добиваат и тоа мора да престане. Секој граѓанин има право на чист и здрав животен простор, а ние како градоначалници сме должни да го обезбедиме тоа“, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Македонија

Наташа Бошкова, Јордан Апостолски и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Read more

МНР апелира македонските државјани во Иран да ја напуштат земјата

Read more

Запален Василичарскиот оган под вода во Охридското Езеро

Read more

СДСМ: Техничката влада мора да остане

Read more
 

Вести

Русија: Нема да се откажеме од венецуелската нафта

Читај повеќе

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин пред Конгресот

Читај повеќе

Наташа Бошкова, Јордан Апостолски и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Читај повеќе

Трамп им порача на иранските демонстранти: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа

Читај повеќе

Во Република Српска масовно се величаат воени злосторници: Додик ги пофали Младиќ и Караџиќ

Читај повеќе

HELLENiQ ENERGY: Започна протокот на нафта од Солун кон Скопје

Читај повеќе

МНР апелира македонските државјани во Иран да ја напуштат земјата

Читај повеќе

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Читај повеќе

План за Гренланд што може да спречи судир меѓу САД и Данска

Читај повеќе