Гостиварец осомничен за физички напад врз сопругата и ќерката

Основното јавно обвинителство – Гостивар поведе постапка против 43-годишен гостиварец, за кој постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 и „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈО, осомничениот синоќа околу 22:30 часот во домот во кој живеел во заедница со својата сопруга и ќерка, започнал расправија по што ги нападнал и им нанел телесни повреди.

– Тој побарал парични средства, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница, нанесувајќи ѝ телесни повреди.  Нападот го спречил нивен роднина, се наведува во соопштението.

Од ЈО посочуваат дека осомничениот кривичното дело „загрозување на сигурноста“ го сторил на штета на неговата ќерка, бидејќи неколкупати праќал пораки на нејзиниот мобилен телефон со закани дека „ќе ја обеси“ и дека „ќе ги заколи неа и нејзината мајка“.

– Бидејќи сторените кривични дела се против јавниот ред или моралот, а особено бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото или дека ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се додава во соопштението.​ 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе