Готвач открива кои јадења најмалку треба да се порачуваат во рестораните

Јадењето надвор може да биде посебно искуство, без разлика дали тоа е некоја посебна прилика одвреме-навреме или нешто што уживате да го правите редовно, а менито обично има по нешто за секого. Сепак, дали навистина можете да верувате дека она што ќе го нарачате ќе ги исполни вашите очекувања?

Според Џејкоб Пондер, готвач од Атланта и поранешен финалист на Food Network's Chopped, кој зборуваше за Eat This, Not That, ако одите во ресторан кој е познат по тоа што прави нешто посебно - обично ќе сакате да нарачате нешто во линија со тоа што го наведуваат дека е нивна специјалност.

„Не би нарачал нешто како хамбургер во ресторан со морска храна“, изјави тој за Eat This, Not That, а меѓу храната што готвачите ја избегнуваат во рестораните се:

Сирова храна - Освен ако не одите во високо оценет суши бар или друг ресторан познат по сирова храна, Пондер препорачува да избегнувате ваква храна.

Десерт - За повеќето луѓе често нема многу простор за десерт по вкусниот оброк во град, но ако ви се случи да ви остане малку простор во стомакот, препораката на Пондер е да го прескокнете менито за десерти и да отидете на специјализирано место за десертот по кој копнеете.

Пржена храна - Според Рејмонд Нил, професионален готвач и стручен консултант за TD Kitchen, избегнувањето на повеќето пржени јадења во ресторан може да ви помогне да останете на вистинскиот пат со некои од вашите здравствени цели.

„Пржената храна како помфрит, пилешко, риба или кромид генерално се понездрави од другите опции на храна и имаат повеќе калории. Тие исто така можат да бидат масни и тешки, поради што се чувствувате тромо после оброкот“, вели тој.

Храна со густ крем сос - Друга нарачка од која Нил препорачува да се држите подалеку во рестораните секогаш кога можете е сè на база од крем или бел сос, како тестенини Алфредо, чорби или супи на база на сирење, бидејќи овие јадења имаат тенденција да бидат многу калорични и мрсни.

Пилешко (понекогаш) - Пилешкото е вкусно, хранливо и здрав извор на протеини, но многу е лесно да се превари или недоволно да се свари, според Нил.

„Кога е недоволно сварено, луѓето полесно се разболуваат“, посочува тој.

Тагови
реклама

Русите тврдат дека Украинците имаат нова тактика: Слушаме мјаукање, но не чека смрт

Read more

Трамп: Бајден ми остави инспиративно писмо на мојата маса

Read more

Спанаќ за само 10 минути

Read more

Трамп го прекрши своето најважно ветување веднаш штом положи заклетва

Read more

Живот

На која температура е најдобро е да се пере постелнината?

Read more

Работи што никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата мачка

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Денеска е најдепресивниот ден во годината: Зошто е избран третиот понеделник во јануари?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Автомобили против 20 тони челик

Читај повеќе

На која температура е најдобро е да се пере постелнината?

Читај повеќе

Спанаќ за само 10 минути

Читај повеќе

Очите се одличен показател за здравјето, можат да укажат на бројни болести

Читај повеќе

Пет работи што треба да ги направите за подобро ниво на шеќер во крвта

Читај повеќе

Работи што никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата мачка

Читај повеќе
  • filter

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Замена на улоги

Читај повеќе
  • filter

Ќерката на Трамп на свечена вечера во фустан покриен со кристали

Читај повеќе