Град без бездомници на улиците

Бројот на луѓе кои спијат на улица во Велика Британија е двојно зголемен во споредба со 2010 година. Но, во главниот град на Финска, Хелсинки, спиењето на улица е речиси целосно искоренето благодарение на еден пионерски план.

Што можат метрополите да научат од Финците?

Кога ќе поминете во метрото, главните станици и улиците на Хелсинки ќе забележите нешто необично за голем град – нема бездомници кои спијат во вреќи, на картони, завиткани во облека.

„Кога бев дете, се сеќавам имаше стотици, па и илјадници луѓе кои спиеја по парковите и станиците“, вели заменик-градоначалникот на Хелсинки, Сана Весикана.

„Тоа беше видлив проблем, но веќе го немаме. Во Хелсинки веќе нема бездомници на улиците.“

Во изминативе 30 години, справувањето со бездомништвото беше во фокусот на успешните влади на Финска.

Во 1987 година имало над 18.000 бездомници. Последните статистички податоци од крајот на 2017 година покажуваат дека има околу 6.600 луѓе класифицирани како бездомници.

Поголемиот дел од нив живеат со пријатели или членови на семејството или се сместени во привремени живеалишта. Само многу мал број од нив спијат баш на улица.

Како Финска го реши овој проблем?

Од 2007 година владата почна да ја гради политиката за справување со бездомништвото врз основа на принципот „Домувањето на прво место“.

Просто кажано, државата им дава на луѓето кои останале без дом стабилно и постојано место за живеење додека не успеат да се снајдат сами.

Потоа им дава помош и поддршка, како на пример на оние кои се справуваат со зависности, и ги оспособува за да се стекнат со образование и вештини за да најдат работа.

Проектот има 403 станови во Хелсинки и соседното гратче Еспо. Станарите делат комунална кујна и се дружат во заедничкиот простор за забава.

Весикана вели дека не само што на овој начин се решава еден голем социјален проблем како морална обврска на сите граѓани, туку гледано долгорочно државата заштедува пари.

„Знаеме дека ќе се исплати, бидејќи има поголеми трошоци кога има бездомници. Проблеми со здравјето, со законот... државата заштедува ако им овозможи пристоен живот и можност да работат и да бидат самостојни“, вели таа.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more
 

Вести

  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе